Гледанка

„Социјална дилема“ (2020)

И покрај навидум атрактивниот наслов, тука не станува збор за никаква дилема. Јасно е ко ден дека сме навлечени. Само станува малку повидливо кои се луѓето кои се заслужни/виновни за тоа. Да, некои од нив даваат изјави, покајнички, како да учествувале во воени злосторства. Ама, ту лејт.

„Квиз“ или скандалот со британскиот „Кој сака да биде милионер?“

ТВ квизовите душа дале за филмување, затоа што нудат сè што може да посака едно возбудливо сценарио - предизвикот човек да се истопори пред камера со сето свое (не)знаење, погледот позади сцената, можното мамење за слава и пари. Ова второво е тема на нова мини-серија режирана од Стивен Фрирс.

„Семејна романса“ (2020)

Најнов филм на Вернер Херцог, кој сигурно не е најдоброто од овој режисер. Но е на толку необична тема, и толку жанровски неодреден, што треба да се гледа.

„Сите ќе умреме“ (Македонија, 2020)

Филм со ваков наслов не може никако да биде лош. Единствената дилема е - дали исказот содржан во него е закана, или ветување?

„Испеј ми песна“ (документарен, 2019)

Овогодинешното издание на Фестивалот на креативен документарен филм ќе се одржи од 19-26 август, со проекции во живо но и онлајн. Иако во овој контекст технологијата е позитивна придобивка, еден од филмовите на програмата укажува на страшните последици кои таа ги има по начинот на живот на културите за кои е (можеби) подобро да останат изолирани.

„Дванаесетте“ (мини-серија, 2020)

Нетфликс серија за едно судење кое се фокусира на поротата - на тие обични и често ранливи луѓе со свои проблеми и предрасуди кои треба да одлучат за нечија судбина. Тоа што е на фламански е уште еден многу интересен елемент.

„Платформа“ (2020)

Долго време го одложувавме гледањето на филмов затоа што ни кажаа дека човек треба да има „стомак“ за да го издржи. Ова е сосема точно, па сепак, опишаниот хорор не е далеку од реалниот живот.

„Палм Спрингс“ (2020)

Можеби оваа комедија и немаше да биде толку забележана да не се два елемента. Едниот е што наративот за бесконечното повторување на еден ист ден недвојбено асоцира на „Денот на мрмотот“ (а по малку и на „Руска кукла“). Вториот е уште позначаен - што освен на некој претходен филм, личи и на животот кој во моментов го водиме.

„Берлински кучиња“ (мини-серија, Нетфликс)

Можеби и не сте нешто по трилер-акции за местење фудбалски натпревари, нео-нацисти, гангста рапери, турски мафијаши и германски полицајци со сомнителен морален компас. Ама оваа серија која е за сето ова, и плус уште нешто, сепак го задржува вниманието.

„Месечина“ (2009)

Темата „изолација“ изгледа ќе биде актуелна уште некое време, како благослов, но истовремено и како клетва. Како начин за соочување со другиот во себе, а во случајов и со некои вон себе, многу слични на нас.

„Сликарката и крадецот“ (2020)

Норвешки документарец кој во јануари ја доби специјалната награда за креативно раскажување на фестивалот Санденс. Сосема заслужено.

„Нечовечки ресурси“ (мини-серија, 2020)

Француска серија продуцирана од Нетфликс во шест продолженија, правена според романот на Пјер Леметр. За нечовечноста на капитализмот, корпоративната алчност, но и за финиот баланс помеѓу правичната реакција на истиот, и „слизнувањето“ во насилство.

„Неортодоксна“ (Unorthodox, 2020)

Мини серија базирана на мемоар на Дебора Фелдман, за девојка која се обидува да го напушти својот маж и ултра-конзервативната еврејска заедница.

„Девс“ (мини-серија, 2020)

За љубители на „технолошкиот ноар“ жанр, ова е серија која делува како трилер, но всушност ги испитува филозофските идеи за постоењето на слободната волја наспроти детерминизмот. И тоа е добрата вест. Следуваат неколку помалку добри.

„По животот“ (1998)

Кога би требало да изберете само еден спомен за да го чувате засекогаш, дури и после смртта, кој би бил тој? Одговорот на ова прашање може да ви открие многу за тоа што ви е важно во животот, кој на крајот е само тоа - збир спомени.

„Проблематичната“ (System Crasher, 2020)

Подгответе се за вознемирувачка приказна, со френетично детско викање (кое можеби ќе треба често да го ставате на ’мјут’), агресија и солзи. Но и покрај сето ова, филмот вреди да се погледне, и тоа поради најмалку две причини.

„Звукот на тишината“ (2019)

Полициски час во нешто што би требало да биде спокојна претпразнична сабота. Но затекнати од необичната тишина, комшиите зборуваат на за нијанса повисок тон, и пуштаат гласна музика. Наместо благословена нуспојава, тишината во овие моменти за многумина станува морничаво memento mori.

„Вивариум“ (2020)

Со оглед на тоа што излезе при крајот на март, кога во светот веќе на големо се воведуваа карантини и се препорачуваа изолации, „Вивариум“ како да беше осуден на толкување низ призмата на повторливоста и осаменоста. Но тука има нешто многу повеќе од обична клаустрофобија, барем на ниво на идеја.

„Банкарот“ (2020)

Иако изгледа дека сè во сферата на филмот е стопирано, неодамна Епл ТВ+ го промовираше својот прв оригинален филм, базиран на вистинска приказна на двајца афро-американски бизнисмени кои успеваат да го изиграат расистичкиот систем на 1950-тите.

„Американска фабрика“ (2019)

Се разбира, бевме разочарани што некој-си-таму филм за фабрика за автомобилски стакла во Охајо, продуциран од некои-си-таму Обамовци, ни го зема заслужениот Оскар за документарец. Но кога лутината стивна, тој сепак требаше да се погледне, не за да се види дали е подобар од „Медена земја“, туку дали е воопшто добар.

„Форд против Ферари“

Во средината на 1960-тите, Хенри Форд Втори одлучува да го подмлади имиџот на својата компанија со тоа што ќе влезе во трката за производство на најдобра тркачка кола на светот. Тоа значи соочување со најголемиот конкурент на ова поле - Енцо Ферари и неговите дотогашни традиционални победи на светските трки.

„Космос“, или играниот филм направен без пари

Сигурно не е најдобриот филм што некогаш сте го гледале. Но иако е од жанр кој си бара пари за да биде убедлив, тоа што е направен со лични и мали средства на авторите не му одзема од квалитетот. Напротив, така станува добра лекција за тоа како инаетот и тимската работа можат да победат.

„Убав ден во соседството“ или приказната за Фред Роџерс

Филмот за кој Том Хенкс доби номинација за Оскар е приказна за човек кој реално постоел. Но неговиот карактер е толку редок и неверојатен, што исто како да е измислен.

Вистинската приказна зад „Того“

Нов филм во продукција на Дизни+ раскажува за „серумската трка“ од 1925, кога по патека долга над 1000 километри низ ледената Аљаска бил пренесуван лек за дифтерија, на санки влечени од кучиња. Како што често се случува и со човечките херои, долго време по настанот му била оддавана почит на погрешното куче.