„Без каква и да е причина го обележувам Илинден. Никому во семејството не му е слава, а за жал никој од Македонците не ни е род. Обавезно сум тажна затоа што деновите веќе подолго од месец се скратуваат, но тоа е веројатно само блед изговор за вистинска тага. Што тој ден не сум крај Св. Наум.“
Веројатно сте чуле за неа. Теоријата за тоа како излегуваме на крај со најдлабоките таги вели дека тоа подразбира минување низ пет фази: одрекување, лутина, ценкање, депресија и прифаќање. Но во својата оригинална форма таа не се однесувала на соочување со смрт на близок, туку на сопствената терминална дијагноза.
Нова изложба која ќе се отвори во февруари 2022 во Уметничкиот музеј во Денвер го истражува животот на Ла Малинче, енигматична фигура која некои ја сметаат за мајка на Мексико, а други како предавник на сопствениот домороден народ. Од 16 век до денес таа е предмет на контроверзи, легенди и обожување.
„Кајнд вордс“ не е социјална мрежа, но со оглед на тоа што нејзината смисла е единствено во испраќањето и примањето пораки, таа на некој начин е и тоа. Кога излегла во 2019 никој не се надевал дека ќе стане толку популарна. Но на луѓето - особено на троловите! - изгледа им е потребен убав и охрабрувачки збор.
Во 2019, прославувајќи го успехот на својот нов хит сингл „7 прстeни“, Аријана Гранде си направи тетоважа на внатрешната дланка. Тоа требаше да бидат канџи - јапонски симболи за изразот. Но набргу се покажа дека тетовирала „мала скара на ќумур“.
Не се секирајте ако не можете да појдете во странство ова лето. Има и други начини човек да се одлепи од својата физичка околина и да појде на далечни патувања.
Првиот и веројатно последниот композитор и изведувач на тн. „континуирана“ музика, изгледа како руски монах, а со пијаното ракува како кунг-фу мајстор. 19.5 ноти во секунда е неговиот рекорд на брзо свирење, но тоа не е само прост егзибиционизам. Наскоро во тоа ќе се увериме на негов концерт во Скопје.
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб можеби ќе треба да се преименува, откако до НАСА пристигнаа дојави дека човекот по кого тој го добил името, Џејмс Едвин Веб (1906-1992) бил вклучен во прогонување на припадници на ЛГБТ заедницата во текот на својата политичка кариера.
Иако модерните патики и спортски дресови им нудат одредена предност на натпреварувачите, психолошкиот ефект на неносење облека би можел да ги надмине оние физичките.
Лепливо, смрдливо, грдо. Обично вака се чувствува човек кога е испотен, вложувајќи голем напор за да ги скрие или отстрани последиците од еден физиолошки процес, без кого не би преживеале на топло.
Касетофони, предмети за домаќинство, играчки, па дури и цели автомобили. Сите тие се наследство од 1990-тите кои треба да се најдат во колекциите на музеите посветени на дизајнот и на историјата воопшто. Но кои се најдобрите начини да се сочува овој материјал?
Вообичаено мислење е дека Олимпијади во средниот век едноставно немало. Но тоа не е сосема точно - меѓународни спортски натпревари сепак се одвивале, со трки со кочии и рицарски дуели.
Заканата стоеше уште од 2012, и еве, се оствари. Образложението е дека долгогодишниот градежен развој предизвикал „неповратен губиток“ на историската вредност на викторијанските пристаништа.
Се викал „Проект Кентлер“, според германскиот психoлог Хелмут Кентлер кој бил негов творец. Експериментот предвидувал намерно доделување бездомни деца од западен Берлин на мажи-педофили, со образложение дека тие „навистина ќе ги сакаат“.
Некогаш ја викале „планинскиот Титаник“, но слично како и со бродот, и оваа железничка станица на француско-шпанската граница станала метафора за пропаднатите грандиозни амбиции на човечкото градителство.
Во саботата вечер беше прогласен добитникот на Златната палма за оваа година, филмот „Титан“. Но една малку поинаква награда која се доделува од 2001, на последниoт петок од фестивалот, е подеднакво очекувана во круговите на љубителите на кучиња (а кој знае, може и од страна на самите животни).
За некои од нас, децата на доцниот дваесети век, новиот милениум почна - или се најави некоја година претходно - со компјутерот, интернетот, мобилните телефони, со секакви виртуелности. Мене ми почна многу поскромно, но потемелно: со клима-уредот.
Филозофот и активист го најави своето заминување во март, но сега го објави и писмото со кое дава оставка, во кое како причини ги наведува „површниот диверзитет“ и „духовната мувла“ кои според него владеат во оваа престижна институција.