По минатогодишното откажување поради пандемијата, овогодинешниот фестивал кој е во тек нуди нови модни трендови, но и филмови кои едвај чекаме да ги видиме.
Што губи историјата кога еден текст кој има историска вредност ќе биде уништен, не во погром или од природни катастрофи, туку поради банален несреќен случај?
На списокот кој го објави списанието Проспект, помеѓу педесет влијателни имиња има само еден антрополог. Таа применува методи типични за оваа дисциплина на поле, кое не е баш типичен домен на антропологијата - финансиските пазари, компаниите и институциите.
Во свет кој никогаш не бил погласен, Гордон Хемптон поминал повеќе од 40 години зборувајќи за важноста на спасувањето на тишината. Ќе замолкне ли еднаш светот за да го, и за да ја слушне?
Во текот на пандемијата беа потребни метафори за опишување на маргинализацијата на заболените. Една од нив се однесува на болест која денес е излечива.
Да, добро прочитавте. Не бескраен ред на идентично облечени жени со штипки на носевите, кои прават слет во вода. Дури ни дуети, какви што има вообичаено на Олимписките игри. Туку една жена, синхронизирајќи се со самата себе.
Во 1831 година сицилијански рибари забележале нешто чудно во Средоземното море. Најприн било големо колку карпа со дијаметар од 800м и 60 метри над морето. Многумина сметале дека тоа е само зачеток на цел нов континент. И се потепале да го преземат.
Новиот ирански филм. Јужно-корејскиот поп. Магијата на Холивуд. Сите тие можат да бидат примери за алтернативно политичко влијание, брендирајќи ги државите и нациите од коишто доаѓаат на начин кој би можел да обезбеди економска или културна „мека“ глобална моќ.
Во нова книга, Карл Шлегел, германски историчар чија специјалност е Русија, го следи својот нос во потрага по приказната за „Краснаја Москва“, популарен советски парфем.
Пионер на голем број модерни идеи, Џејмс Барнет или лорд Монбодо бил шкотски судија, филозоф и татко на модерната компаративна историска лингвистика. Истовремено бил ексцентрик кој верувал во вредноста на „воздушните бањи“ или проветрување на телото кое најдобро функционира без облека.
Леонардо никогаш не се женел и немал деца. Но имал 22 полубраќа. Истражувачите се надеваат дека подобро ќе го разберат неговиот ренесансен ум со тоа што ќе пронајдат негови наследници.
Го гледавме филмот, а сега може и да го прочитаме романот, кој не е директен „превод“ на сценариото во книжевна форма туку е збогатен со нови сцени и ликови.
Нова контракултура во Кина ги отфрла динамичните и стресни работни места за да може да ужива во малите нешта. Партијата ги стигматизира како срамни примери.
За Абрахам Поаншевал сме пишувале и претходно, кога помина неколку дена вграден во карпа, кога квачеше јајца додека од нив не излезат пилиња и кога две недели седеше склопчен во стомак на препарирана мечка. Сега само што заврши негов нов „проект“, чија главна мистерија е - како одел во Ве-це?
„Ментор“ е искусен човек од доверба, без оглед дали станува збор за професионалец во некоја област или нечија баба. Односот на менторот со ученикот е двостран и подразбира одговорност на двете страни. А името доаѓа од Хомеровата „Одисеја“.
Во 19 век, кога анестезијата почнала официјално да се применува при медицински интервенции, голем број доктори ја прифатиле. Но имало и критичари во медицинската заедница кои протестирале, со што започнала тн. контроверза на примената на етерот.
„Прв контакт“ е австралиски документарец од 1983, кој раскажува за навлегувањето на белите луѓе во неистражената внатрешност на Нова Гвинеја во 1930, каде живееле еден милион луѓе кои никогаш не виделе различни од нив. На моменти тој е пресмешен, на други трогателен.
Не дека оваа вештина не се учи, особено ако мислите да станете политичар или трговец (а ова често се сведува на исто). Но има луѓе што природно се подобри во смислување објаснувања на концепти, поточно знаат подобро да ве смуваат.
Во светот има толку многу бетон што наскоро тој ќе ги надмине сите живи материјали, вклучувајќи нè и нас. И покрај својата повремена убавина, обемот на неговото глобално распространување е загрижувачки.
Во текстот станува збор за номадски сточари од племето Масаи во источна Африка. Од нивната приказна можеби можеме нешто да научиме - да не викаме само „грешка сте“ и напрасно да спуштаме телефон на погрешен број.
Во архивата на париската полиција се чува дебел том со кожен повез, кој ги содржи досиеата на група жени наречени Les Insoumis - Бунтовнички. Меѓу нив и на една нагалено наречена „Каро“.
Пред три години, мала група научници на германски универзитет покренале соработка со војската - користејќи книжевни дела во обид да се укаже на потенцијални идни конфликти во светот.