Bookbox

Мозоците ни бараат линеарна приказна

Драматурзите, сценаристите, писателите, режисерите, сите тие може да си играат со оските на времето за да создадат „интересно“, односно драмски ефект. Но колку и да е временски испретумбана приказната, ние вложуваме напор да ја подредуваме, за да ја разбереме и за да можеме да ги предвидиме следните настани. 

Врил-Ја Базар - претходникот на денешните Комик-кон собири

Неговиот организатор на времето банкротирал, медиумите го прогласиле за неуспех, но необичниот настан од викторијанската ера ги поставил основите за светските собири на тема костими и научна фантастика.

Букбокс гледаше: „Сценарио од соништата“ (2023)

Здодевниот академски живот на еден професор по еволутивна биологија буквално преку ноќ ќе се промени, кога милиони луѓе ќе почнат да го сонуваат - сценарио за коешто никогаш не сонувал и кое нема да му донесе ништо добро.

Од Ружди до Стивен Кинг: книги што се очекуваат во 2024-та

Од мемоари на славните, преку нови дела на извиканите големи автори до интересни романи на дебитанти, годината во која тукушто влеговме изгледа како да ветува кога се во прашање нови книжевни изданија.

„Инфлуенсерката“ на која ѝ бил посветен валцерот „Виенски слатки“ на Штраус

Во традиционалниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија може да се ужива и како во аудио позадина на првојануарското будење, без навлегување во детали. Но зад секоја композиција на променливиот репертоар има интересна приказна. Оваа има врска со благца, но и со една моќна жена, која е најслатката во приказната.

Како за крај на годината - параболата на втората стрела

Во 2023-та доживеавте неубави настани, загубивте некој близок, донесовте погрешни одлуки или просто не успеавте во она што го планиравте? Тоа ви беше првата стрела. Она на што треба да внимавате е онаа втората. 

Хе-хе: Сорбона од 2024-та ќе користи отворена истражувачка платформа

„Радикалната одлука“ на парискиот универзитет да се придружи на платформата OpenAlex е шамар за комерцијалните научни списанија и дата-бази на знаење. Штом може Сорбона, зошто не би можеле сите?

Во Лондон се отвори музеј на балони

Интерактивната изложба вклучува огромно игралиште со балони, џиновски надуени зајаци и посебни кабини во кои можетe да позирате за инстаграм фотки. Цената на билет - отров.

Tиромантија или предвидување на иднината со - кашкавал

Пред некое време почнавме со серија „гледања“ на необични нешта. Прво со јајца, сега со кашкавал. До крајот на годината може ќе собереме доволно за гледање во руска. 

Кога нешто не е точно, ама дури не е ни погрешно

Најострата критика во однос на вистинитоста на некоја теорија или коректноста на некоја идеја не е дека тие се погрешни. Туку дека зборот „погрешно“ просто не е применлив во нивниот случај.

Колку книги ќе прочитаме до умирачка?

Можеби се уште не сте дојдени до таму, но прашањето што да се чита следно на одредена возраст нема врска само со изборот на жанр или автор, туку и со нешто многу подлабоко - времето се тенчи и ваквата одлука е многу посериозна отколку што изгледа на прв поглед.

Книги кои ќе бидат преточени во филмови и серии во 2024-та

Романите, а понекогаш и другите книжевни жанрови, се инспирација за нови филмови и ТВ серии. Што е секако подобро отколку таквата „инспирација“ да доаѓа од вештачка интелигенција. 

Најдобриот џез божикен албум на сите времиња

Ментален штит среде скопските сообраќајни гужви ако го пуштите на гласно, аудио лексилиумче за душа - во „Божикната прослава на Чарли Браун“, саундтрак на истоимениот цртан филм од пред 58 години, ќе го најдете ова, и многу повеќе.

Биди како ирвас

Ирвасите јадат и спијат истовремено, штедејќи си го скапоценото време во текот на краткото арктичко лето. Ние имаме долго и топло лето, ама комбинацијата на јадење и спиење пак ни дава повеќе време за - јадење.

Eл Каганер: „серкото“ што носи среќа во Каталонија

Буквалниот превод на неговото име е „серко“. Традиционално, за време на зимските празници, тој за нас сосема неочекувано се појавува среде божикните декорации. Носи каталонска црвена капа, а пантоланите му се пуштени, откривајќи гол задник. И тоа не е сè.

Големиот двобој со затруени колбаси кој за малку ќе се случел

Кога ќе се рече „двобој“ обично замислуваме благородник кој на опонентот му мава ракавица в лице, по што двајцата џентлмени се среќаваат во магливо утро на некоја ливада, со мечови или со стари пиштоли вперени еден во друг. Во таквата сцена никогаш не замислуваме колбас како оружје. Ама во 1865 за малку ќе се случел точно таков дуел.

Мирисот на солзи ја намалува агресијата?

Нова студија дошла до сознание дека женските солзи значајно ја смируваат машката агресија и ја намалуваат активноста во мозочните центри поврзани со неа. Велат дека функцијата на овие хемиски сигнали во солзите е заштитна. Сосема е можно да е и обратно, ама па мажите не си дозволуваат да пуштат солза.

Аман бе, луѓе!: истражувачи објавуваат нов научен труд на секои пет дена

Чеетири пати повеќе истражувачи произведуваат повеќе од 60 научни статии годишно во споредба со состојбата од пред една деценија. Земјите кои забележуваат највисок пораст на бројот на ваквите научници во текот на изминатите пет години се Саудиска Арабија и Тајланд.

Зошто не можеме да живееме 200 години?

Сите луѓе стареат, тоа е дел од нашата биологија која ни го огрaничува „рокот на траење“ до максимални 120 и нешто години. Но не сите животни искусуваат стареење во текот на животите, барем не на истиот начин. Што е можната причина за ова?

Најголемите и најнеобичните аукции во 2023

За нас малку познатиот свет на аукциите покажува дека за сè има и цена и купувач. Од микроскопски рачни чанти до стари светилници, во оваа година се случија и рекордни продажби на секакви нешта, стари и нови, материјални но и такви кои не можат баш да се подведат под оваа категорија.

Куакубе: зборови од цел свет кои влегоа во употреба во 2023-та

При крајот на годината вообичаено се анализираат изрази и зборови кои биле популарни во „лингва-та франка“ на нашето време, англискиот. Но покрај нив луѓето од цел свет низ своите јазици ги изразуваа своите чувства, желби и стравови, понекогаш измислувајќи зборови кои до тогаш не постоеле, или вадејќи од јазичен „нафталин“ такви кои се подзаборавени. 

Кога Салвадор Дали си побарал жив слон како хонорар

Денес летањето со авион е само уште еден начин на транспорт. Но во 1960-тите тоа било знак на престиж, особено на летовите на кои можело да се пушат пури и да се ужива во кавијар и шампањ. Ер Индија била таква, топ авио-компанија, која на своите клиенти им подарувала скапоцени подароци - на пример пепелник дизајниран од Салвадор Дали.

Прстот на Мортон: најчудниот симбол на убавина во историјата на човештвото

Прво соблечете ги чевлите. Па чорапите. Погледнете си ги прстите на нозете. Дали вториот прст ви е подолг од палецот? Ако да, тогаш можете да се гордеете. Вие сте симбол на убавина, како и Статуата на слободата и Милоската Венера.

По неодамнешниот хакерски напад Британската библиотека постои, ама и не баш

На 31 октомври 2023, Британската библиотека беше жртва на голем сајбер-напад. Таа денес е физички отворена, но нејзината дигитална инфраструктура е целосно „замрзната“. Ова поттикнува дискусии за тоа што претставува денес институцијата „библиотека“, и дали се тоа навистина само големи простории полни со книги?