Bookbox

Kaкво е тоа „ирско заминување“?

Ви се случило ли (нам постојано) да сакате да напуштите некој настан каде има многу луѓе - прослава, детски роденден, дури и свадба - без да се поздравите, бидејќи тоа би ви заштедило време и енергија, а на домаќините љубезен напор да ве убедат да останете уште малку? За ова имало и име, па сега знаеме за што можат да ни се налутат.

Како научници кои работеле на Антарктикот несакајќи развиле непостоечки дијалект

Замислете дека сте дел од група заглавена во ледената дивина на Антарктикот, изолирана од останатиот свет. Од овие луѓе може да се очекува со тек на време да развијат своја „култура“, но дали тоа значи дека истото би се однесувало и на нов акцент или „дијалект“?

Kaко авторот на „Автостоперски водич“ го предвиде подемот на е-книгите

Во досега необјавени белешки кои ќе се најдат во нова книга, Даглас Адамс пред три децении го предвидел подемот на технологијата која денес ја земаме здраво за готово.

Зошто славиме со балони?

Ги има на детски (а и не само детски) родендени. На корпорациски „ивенти“. На отворање на дуќани, на свадби, крштевки. Во реклами кои треба да доловат слобода и игривост. Од каде овој обичај?

Филмовите за кои најмногу се зборува на 80-тиот Венецијански филмски фестивал

Фестивалот се отвори во средата (30.08) во невообичаено тивка атмосфера поради двата тековни холивудски штрајка. Неизвесноста околу тоа кои ѕвезди ќе се појават и кои филмови ќе влезат во финалната програма се споредува со онаа од времето на пандемијата. Но филмови има, и меѓу нив и такви кои ветуваат. 

Најстариот ресторан на светот работи непрекинато цели 300 години

Се вика ресторан Ботин и се наоѓа во Мадрид, Шпанија. Не е препорачлив за вегетаријанци, бидејќи е најпознат по „олд скул“ рецепти кои вклучуваат печено прасе бавно крчкано во печка која не е изгасена од 1725-та.

Почна годишното пребројување на 14.000 животни во лондонската зоолошка

Од највисоката жирафа до најситниот полноглавец - мерењата кои се прават секоја година во Лондонската зоолошка (и не само таму) се важна витална статистика за секое животно, но помага и во споредување на податоците помеѓу повеќе зоолошки во Британија.

Може едно аперолче?: кратка историја на популарниот аперитив

Ова лето аперол шприц-от може да се види на шанкови и кафански маси насекаде низ светот. Но за Венецијанците ова е изненадување - како една пијачка која до пред две децении можела да се најде само во скромни таверни и барови го освоила светот?

Подземната трговија со најдобрата ванила во светот

„Ванила“ во англискиот се користи за нешто стандардно, невозбудливо, обично. Но приказната за трговијата со овој зачин во Мексико е многу поинаква, додавајќи горчливи тонови на убавата ванила. Нешто на што можеби ќе помислите следниот пат кога ќе ја ставате во колачи, особено ако е од онаа „вистинската“.

Славни научници и изумители кои не ги бивало за математика

Стереотипот е следен - ако си по природните науки и технологијата, тогаш мора да си добар и во математика. Но Томас Едисон, Чарлс Дарвин и други генијални научни умови мака мачеле со неа. Мала утеха за некои од нас, математички неписмените. 

Сте се обиделе да вденете конец во игла без исплазен јазик?

Она кога правиме нешто што подразбира прецизност на рацете и се фаќаме како несвесно јазикот ни ѕирка од устата? Ова можеби изгледа смешно, но открива една цела историја на еволутивни врски во човечкото тело.

Пред Пауер поинт: кратка историја на бизнис презентациите

„Презентациите, како и порното, секогаш ја имаат туркано технологијата напред“. Оваа реченица во статија за историја на oна што денес генерички го нарекуваме „Пауер поинт“, односно на периодот пред тој да почне да гази во различни области од бизнис до образование, нè натера да се заинтересираме. 

Уметник праќал стаклени скулптури по карго и направил изложба од резултатот

Преку серија скулптури создавани во тек на девет години, уметникот од Лос Анѓелес, Валид Бешти сакал да види (и да ни прикаже) што се случува со стаклени предмети кога истите ќе бидат испратени во стандардни кутии на ФедЕкс. Накратко, скулптурите се - крш.

„Има две, и се нишаат“ - кога папата требало да докаже дека е машко

Легендата вели дека новоизбраните папи во средниот век требало да ги презентираат своите гениталии на „инспектор“ кој потврдувал дека тие се мажи. За таквата потврда тогаш било доволно да се има мадиња, и физички, а и метафорично - за да се издржи церемонијата.

Директорот на Британскиот музеј поднесе оставка поради „исчезнати“ предмети од колекцијата

Не се случува само во земји како нашата, во која странски експерти често доаѓаат да споделат искуства со нивните одлични системи на заштита на културното наследство. Илјадници предмети од Британскиот музеј едноставно ги нема, и тоа не само физички туку и (случајно или намерно) во документацијата. 

Лепливата историја на баклавата

10-11 слоеви тенко тесто, секое рачно сукано, полнето со мелени ореви (во новокомпонирани верзии и со чоколадо, вишни и други марифети) и прелиено со шербет од шеќер или мед. Звучи премногу академски кога се опишува вака детално, во споредба со сензацијата на простото лапни-голтни. 

Денешните уметници имаат заборавено да цртаат

Поентата на копирањето на постоечки цртежи или сликање живи модели е контрола на очите кои на тој начин се натерани навистина да гледаат, и на раката која е главната алатка на пренесување на виденото на хартија или на платно. Но повеќето уметнички школи денес не изгледаат нешто заинтересирани да ги научат своите студенти на оваа темелна вештина. Тие се фокусираат на други, „потренди“ активности, а оние кои сакаат да учат традиционално тоа најчесто мора да го прават самите. 

Интервју со Ведран Андонов, државниот првак во „Катан“: Должам кафана што ме убедија да се пријавам

На 20 август, во организација на Гоблин, се одржа првиот официјален државен натпревар во „Катан“. Оние кои играат друштвени игри ја знаат оваа игра како одлична комбинација на среќа, комбинаторика и преговарање – сите елементи во кои Ведран излезе најдобар и со тоа се здоби со можност (а сега богами и обврска) да ја претставува Македонија на Европското првенство во Катан во Копенхаген од 27-29 октомври. Па, да го запознаеме шампионот.

Дали живееме среде „поликриза“?

На моменти како да ни е потребен свеж збор за да го опишеме преклопувањето без преседан во историјата помеѓу еколошките, политички и економски предизвици. Ако „криза“ звучи недоволно сериозно и преџвакано, тогаш како би било - поликриза?

Харпеџи - хибридот од гитара и пијано кој добива на популарност

Името му е комбинација на харфа и арпеџо. Долг еден метар, тој може да се опише како „кога пијаното и гитарата би имале дете“. Откако пред десет години се појави во рацете на Стиви Вондер и други музичари почнаа да му обрнуваат внимание.

Музика за жени: раѓањето на „лесните ноти“

Целна група на радио формат од 1970-тите била „женската душа“, а нејзе продуцентите ѝ се обраќале со музички ре-аранжмани кои содржеле помеки и понежни (женски?) верзии од популарните хитови на тоа време. 

Британски бендови кои морале да го сменат името во САД

Вчера, 20 август, се појавија постови во чест на 41-годишнината од еден од пионерските електронски албуми на дуото Јазу, „Горе кај Ерик“. Кога сакавме да се потсетиме на него, на јутјуб ни излезе истиот но од бенд наречен Јаз. Уат?

Прирачник за патници низ времето: необични глаголски времиња во различни јазици

„Се беше било случило“ - понекогаш недоволно ги користиме и оние опции за лоцирање на дејството во време кои веќе постојат во јазикот (затоа што се комплицирани или звучат архаично), а тоа е штета, затоа што можат да затребаат. Доколку пак нема опција во нашиот јазик, секогаш можеме да позајмиме од таков во кој има.

Kлубот „13-ка“ кој се борел против суеверието поврзано со бројот 13

Тајното здружение формирано на крајот од 19 век во Вирџинија, познато по своите хуманитарни и просветителски активности, дури и во времето на својата најголема активност се собирало ретко - само кога тринаесеттиот ден во месецот ќе се паднел во петок. Намерно, затоа што една од неговите цели била борба против суеверието.