Вигтаун, гратче во југозападна Шкотска, е локација на Open Book, апартман и книжарница кои можете да ги изнајмите во комплет. Ова е шанса патниците од цел свет да ги одживеат своите книшки фантазии. Може да поминете една недела во тивкиот град и да се тестирате, дали имате талент за еден ваков бизнис и како тоа воопшто изгледа да си од другата страна на пултот.
Секако, не е само до продавањето книги. Кираџијата бира и како и кога ќе ја работи книжарницата. Може да организира цела програма на настани, музички собири или читачки клуб. Локалците обично наминуваат во книжарницата за да го запознаат новиот „газда“.
Вигтаун е прогласен за национален град на книгата во 1998 и до денес е дом на широк опсег бизниси поврзани со неа. Има само 921 жител, а во него има 17 книжарници. Во него се одржува и годишниот Витаун бук фестивал, кој привлекува десетици илјади посетители. Членовите на фестивалот се одговорни за координирање на изнајмувањето на книжарницата и апартманот.
Ако се одлучите - клик тука