Една вечер во 1984, мал број одбрани гости се собрале во домот на палеонтологот Дејл Гатри во Аљаска, за да пробаат чорба направена од редок деликатес - месо од древен бизон.
Вечерата се вклопувала во традицијата на Аљаска - бидејќи законот забранува купување, размена и продавање на месо од дивеч, вакви јадења не можат да се најдат на ресторанските менија. Локалните специјалитети всушност можат да се пробаат само на приватни вечери, ако ве поканат оние што го уловиле месото. Но главниот извор најчесто се ирвасите, а не конзервирано парче биолошка историја.
„Блу Бејб“, како што го нарекле бизонот, бил откриен пет години претходно од рудари на злато, кои сфатиле дека хидраулично црево стопило дел од замрзнат бизон. Го пријавиле наодот на Универзитетот Фејрбенкс во Аљаска. Гатри, кој тогаш бил професор на универзитетот, решил веднаш да го ископа Блу Бејб, односно да го исече парчето, повторно да го замрзне, со исклучок на главата и вратот.
Набргу тој и неговиот тим почнале да го проучуваат парчето. Со помош на датирање со јаглерод дознале дека бизонот е стар 36.000 години (иако нови истражувања покажуваат дека е постар, 50.000 години). Трагите од угризи и од гребнатини укажувале дека бил убиен од предок на лавот, Пантера Леоатрокс.
По смртта, Блу Бејб толку добро замрзнал што неговото мускулно ткиво имал текстура на димена печеница. И по илјадници години неговата коскена срж и салото исто така биле недопрени.
Откако ги извлекле сите можни информации, Гатри и соработниците одлучиле да организираат специјална вечера. Правење стек од врат не звучело како добра идеја, па решиле да додадат куп зеленчуци и зачини и да направат чорба. Помогнало и виното.
Никој не бил уплашен дека ќе се затруе, а и навистина, ништо не им се случило на гостите околу масата. Вкусот бил по малку „земјен“, но убав. Додуша Гатри не се сеќава дали некој побарал репете. Денес Блу Бејб е дел од поставката на Музејот на северот при Универзитот во Аљаска.