„Големиот бран кај Канагава“ се најде на јапонски банкноти

Во моментов јенот е паднат на најниската вредност во последниве децении. 1000 јени се околу 350 денари и се најчесто користените банкноти во економија која се уште главно се базира на готовина. Со оглед на големиот наплив на туристи во Јапонија поради поволните цени, властите решија да го искористат тоа за промовирање на своето културно наследство токму низ овие банкноти. 

Славната графика-дрвопис на Хокусаи, „Големиот бран кај Канагава“, се најде помеѓу мотивите на најновите верзии од банкнотите од 1000 јени, кои беа издадени оваа недела. На другата страна од парата е ликот на бактериологот номиниран за Нобеловата награда, Шибасабуро Китасато. 

Последната ревизија на дизајнот се случи пред 20 години. Тогаш на истата банкнота се најде Ногучи Хидејо, кој го идентификуваше сифилисот како причина за прогресивна парализа. А пред Ногучи на банкнотата беше сликата на Нацуме Сосеки, еден од плејадата славни јапонски писатели (за неговата „Кокоро“ види Букбокс читанка тука).

Оваа година не беа обновени само дизајните за 1000, туку и за 5000 и 10.000 јени. На вторите се наоѓа Умеко Цуда, феминистка и едукаторка (на другата страна е илустрација на цветот вистерија). На вторите е Еичи Шибусава, кого го нарекуваат „татко на јапонскиот капитализам“ (на другата страна е препознатливата фасада на една од историските метро станици во Токио). 

Јапонци ко Јапонци, веднаш се сетија од новите пари да направат и оригами.

5 јули 2024 - 10:58