„Трансцедентно досадни“ - вака беа опишани типови видео игри кои се појавија на времето, во кои возите автобус, орате со трактор по нива и правите други многу обични нешта, реплицирајќи го начинот на кој тоа нешто се прави во форензички детали.
Најнова во оваа ниша е Симулаторот на косење трева, кој се придружува на популарната серија на слични симулатори, како оние за водење фарма, автоперална или возење камиони.
Дизајнирана од Скајхук Гејмс, студио базирано во Ливерпул, таа се обидува да ја долови „физиката“ на сечењето трева, негувајќи убавина во повторливите механички дејства. Во детален текст на оваа тема објавен во Гардијан, експерти во областа на косењето и тркањето со косачки возила анализираат колку симулаторот е реален, од движењето на телото, како и дали е вистина дека целото искуство е терапевтско.
Накратко - одговорот е да, и да. Особено второто, видејќи симулаторот кога ќе биде горе-долу совладан нуди чувство на компетенција (чувство на напредување), автономија и натпревар, сите тие многу човечки потреби, кои ако не ги задоволиме во реалноста, тогаш барем можеме тоа да го сториме низ игра.