Ако хуманоидните роботи со својот изглед предизвикуваа троа јанѕа, сега нивната сличност со жив човек ќе се зголеми, намалувајќи го чувството дека станува збор за нешто вештачко и не-од-оваа планета. А како нешто ќе личи повеќе на човек? Па - ако се смее.
Нова технологија што користи живи клетки од кожа и лигаменти кои се слични на човечки, овозможува роботите да имаат поприродна насмевка.
„Во оваа студија успеавме да реплицираме делумна човечка појава, со создавање лице кое го има истиот материјал на површината и структура како човечкото“, изјавил професор Шоџи Такеучи, раководител на тимот од Токискиот Универзитет. Низ процесот се идентификувани нови предизвици, како потребата од површински брчки и погуст епидермис за да се постигне уште почовечки изглед.
Во иднина, оваа технологија не само што би се применувала за изработка на човеколики роботи, туку и самите луѓе би можеле да имаат корист од неа во козметичката индустрија и пластичната хирургија. Наодите се објавени во Cell Reports Physical Science.
Лабораторијата на Такеучи претходно имаше изработени кожа која самата заздравува, создавајќи мали роботи со биолошко мускулно ткиво, како и 3Д печатено лабораториско месо. Вели дека ова со роботот што се смешка е најново постигнување кое отвора нови хоризонти, со додавање сензори, пори па дури и потни жлезди и сало под кожата. Со ова и движењата на работите ќе станат послични на човечките.
Засега роботот не може да си го почувствува лицето, но каде и да е, веројатно ќе почне со фејс јога...