Bookbox

Книжевните референци на албумот „Одбрана и последни денови"

Албумот на Идоли беше објавен 1982 и до денес остана еден од антологиските кога се зборува за музиката на бившите југословенски простори. Со него се поврзани најмалку двајца писатели, едниот поочигледен, другиот малку затскриен. Андрија Шкаре на сајтот Букса зборува за Влада, „Русија" и книжевната петокрака на нејзиното чело.

Мостови

Убав есеј на нобеловецот за, според него, практично и симболички најважниот градежен објект којшто го има измислено човештвото - мостот.

Тери Прачет конечно се ракуваше со Смртта

40-те книги од серијата Discworld, продадени во 85 милиони копии на 37 јазици, црната шапка со широк обод со која повеќе личеше на урбан каубој отколку на „сер" и неговото залагање за правото на еутаназија, се работите по кои ќе биде запамтен човекот во чии дела Смртта сака мачки, пилешко со кари и луди журки.

Запознајте го вашиот нов омилен инструмент

Необично електронско џиџе, кое личи на играчка, всушност е инструмент на којшто може да се свири на повеќе начини. Веќе го замисливме како распалува во некоја кафана, заменувајќи го целиот оркестар.

Врската помеѓу „Човек-птица" и Рејмонд Карвер

Кога го добиваше Оскарот за најдобар филм, режисерот Инариту му оддаде почит на Карвер, чиј расказ е дел од сценариото. Но дали начинот на којшто е употребено ова дело навистина го слави, или го дискредитира славниот автор?

Визуелизирана „Уметност на војувањето"

Древниот кинески трактат, кој му се припишува на стратегот и воен генерал Сун Цу, е една од најприлагодливите книги која некогаш била напишана. Има верзија на „Уметноста на војувањето" за мали бизниси. Истиот наслов е искористен за прирачник за успешни романтични средби. Има дури и „Уметност на војувањето" за библиотекари.Оваа најновата е - цртана.

Фејсбук на суд заради цензура на уметничка вагина

„Потеклото на светот" е ремек-дело на Гистав Курбе, славниот француски реалист од 19. век. Но она што на оваа негова слика во уметничкиот свет се толкува како „реалистично", Фејсбук го толкува како „порнографско", и го цензурира. Ова е постхумно продолжување на маките на сликарот кој целиот живот страдаше затоа што самиот сакаше да цензурира еден - столб.

Тајниот живот на јавните библиотеки

Марко Петровиќ, по потекло „од наша гора лист", работи како обезбедување во јавната библиотека во Портланд. Но не го чува само објектот како таков, туку се грижи и за редот и дисциплината во него. Низ неговото искуство со секакви ликови, такви кои навистина читаат или се прават дека го прават тоа, библиотеката ни се гледа како интересно место, во кое човек треба почесто да навраќа.

Запознајте го кинескиот Артур Кларк

Еден научно-фантастичен роман од најпопуларниот кинески автор од овој жанр е преведен на англиски. Тоа е можност да се проценат културолошките разлики во пишувањето СФ, кои можат да доведат и до такви живописни приказни во кои сиромашен кинески селанец талка низ вселената рака под рака со Стивен Хокинг.

Ретроспективната изложба на Бјорк во МоМА е катастрофа?

Њујоршкиот Mузеј на современа уметност со месеци ја најавуваше ретроспективната изложба посветена на Бјорк, којашто официјално ќе се отвори утре, 8.март. И додека по кој знае кој пат медитиравме над судбината која одредува некои луѓе да се сега во Њујорк, други на Кариби а трети во Тафталиџе, наидовме на еден утешен текст - изложбата не чинела. Како тоа „не чинела“?

Подгответе се за Букбокс маскенбал!

Имате дома луле и лупа? Ленонки и миленик-бувче? Сива кравата и лисици? Дојдете на 1. април на Букбокс маскенбал, специјализиран за книжевни маски.

Вака изгледа смртта под микроскоп

Дали може слика од мртво ткиво да биде убава? Или единствен начин да се ужива во прелевањето на боите и формите на овие фотографии е да не знаете што има на нив.

Г-дин Спок и сентименталното воспитување во Југославија

Текст на Светлана Слапшак, авторка на над 40 книги чии сфери на истражување се антропологијата, лингвистиката и феминизмот, во кој таа се сеќава на нејзиното „читање" на Ѕвездените патеки во времето на Југославија, и начинот на кој тоа еволуирало како што се развивала и приказната на нејзината некогашна татковина. Сето тоа со очигледни симпатии упатени кон човекот со зашилени уши.

Интерактивна визуелизација на целата дискографија на Мајлс Дејвис

Целава работа околу визуелизација на различни видови податоци ни се гледа многу интересна - кариерата на уметниците, за кои и онака знаеме дека се значајни, добиваат уште поголема тежина кога ќе видиш колку и што сè работеле. И самиот Мајлс веројатно би бил задоволен од својот учинок, преставен на оваа огромна мапа. 

Лондонските крадци на книги

Со развојот на технологијата на обезбедување на книжарниците, како и со подемот на електронските изданија, ни крадците на книги веќе не се она што биле. Овие лондонските ги замислуваме како живописна, но софистицирана дружина апаши, на кои мора да им се признае - дека барем книга имаат отворено. 

Музиката скриена во традиционалните везови

Унгарските везилки енкодирале тајни музички пораки во нивните носии и ткаенини? Веројатно не. Но Жанет Ширмај сепак ги декодира, така за да можеме да ги слушнеме.

Запознајте го Отец Џон Мисти

Да споделиме нешто што го пуштаме на рипит деновиве - „отец" чии стихови се истовремено и љубовни и саркастични, којшто на настапи ниша со колковите ко Џегер, има брада ко македонски војвода и одлично го преработува Коен.

Леонард Нимој: фотограф, поет и музичар

Актерска клетва е да бидеш запамтен само по еден лик, а притоа никој да не ги цени другите дарби кои ги имаш. А Нимој, кој почина вчера, 27.02, на 83 години, навистина бил активен и вон актерството - режирал, фотографирал, пеел, и пишувал поезија.

Човекот кој напишал некролози за Битлси уште во 1960-тите

Хантер Дејвис (1936) е британски писател и новинар. Автор е на 35 книги, меѓу кои и на единствената авторизирана биографија на Битлси. Сепак, најинтересните моменти во неговата кариера имаат врска со некролози - неговиот сопствен, и оној на Џон, Пол, Џорџ и Ринго, кога тие имале само дваесетина години.

Банкси во Газа

На сајтот на уметникот, како и на неговиот Инстаграм профил, се појавија неколку дела со јасна политичка порака, направени на палестинска територија. „Доколку ги измиеме рацете од конфликтот помеѓу моќните и оние немоќните, тоа е исто како да сме ја фатиле страната на првите - не остануваме неутрални"

Опера посветена на Фрида Кало (со посебно мени за публиката)

Мичигенската опера на 7. март во Детроит ќе одржи премиера на претставата „Фрида", посветена не само на животот и делото на Фрида Кало, туку и на една нејзина поинаква страст - готвењето.

„Боречки клуб 2“

Во мај ќе излезе долго очекуваното продолжение на книгата на Паланиук, според која беше направен антологискиот филм со Бред Пит и Едвард Нортон. Ликот на вториов во меѓувреме се оженил и станал мифка, ама Дарден нема да го остави уште долго на раат. 

Се планира продолжение на „Момчештво"

Филмот на Линкејтер беше неправедно прескокнат од Академијата, којашто ѝ додели само награда за споредна улога на Патриша Аркет. Но ова не го разочарува режисерот, кој иако најпрвин сметал дека ова ќе биде еднократен, додуша 12-годишен проект, сега вели дека приказната за момчето Мејсон има шанси да продолжи, со неговите студентски денови.