Писателот со 10.000 винили

Интерактивна тура низ собата со плочи на Мураками

Оние што ги читале неговите дела знаат дека познатиот писател има посебна слабост кон музиката, и дека практично секоја негова книга содржи сопствена плејлиста. Сега ја отвара неговата домашна колекција за оние кои сакаат да ѕирнат во неа.

Мураками признава дека додека работи секогаш слуша музика. А има и што да слуша - неговата збирка брои дури 10.000 винили. За да видите како изгледа неговата работна соба кадешто ги чува и плочите, „прошетајте" низ неа тука (човекот си има и скаличка)

Ваквото богатство е делумно наследство од времето кога го работел „Питер Кет", џез бар во Токио каде го минал поголемиот дел од неговите рани триесети години. Но освен џез, неговата збирка ги содржи и Стоунси, Клептон, Спрингстин, како и класични дела на кои асоцира во насловите на некои од неговите дела. Така неговата нова, тринаесета книга „Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак", која излезе во август минатата година и се продаде во милион копии за само еден месец, е асоцијација на суитата на Франц Лист „Години на аџилак" која игра централна улога во нарацијата на романот.

Мураками има издадено и две книги есеи посветени на џезот (Џез портрети 1 и 2, достапни само на јапонски), а врз нивна основа е направена плејлиста на песните кои се спомнуваат. Eве ја првата од неа - Deep in a Dream на Чет Бејкер, баш убаво ни легнува нерасонети на ваков врнежлив ден.

21 септември 2015 - 08:31