Гостувајќи во Канада за промоцијата на неговиот нов роман, „Две години осум месеци и дваесет и осум ноќи" (за кого пишувавме тука), Ружди за СВС беше замолен да прочита на глас нешто од канадската литература. Не, не Маргарет Атвуд или Алис Манро.
Во видеото подолу Ружди чита извадоци од песни на познатиот канадски автор - раперот Дрејк, и тоа пет од нив, меѓу кои „Шест попладне во Њујорк", „Како се викам" и „6 Бог", коментирајќи ја секоја од нив. Кога на почетокот му велат дека нема да му ги пуштат песните, туку само текстот, тој вели - уште поубаво, да не ги слушнам.
Прво, супер ги интерпретира, со чувство и почит. Второ, за повеќето се изјаснува позитивно, како за формалните карактеристики (рима и полурима), така и содржински. Сепак, цепки е кога чита "You was poppin' back when Usher wore a U-Chain/God damn, you changеd“.
Уште една негова царска забелешка на Твитер, на прашање на читател од Индија: