Кога музичар обработува песни на поп ѕвезда која повеќето негови фанови се склони да ја мразат, тоа е истовремено и храбро и лудо. Во случајов Адамс сакал албумот, кој се вика исто како и оној на Свифт од 2014, да му звучи како „Небраска" на Спрингстин - само акустична гитара, малку „ѕунење" и глас.
Во некои песни ова функционира многу подобро отколку во други (целата плејлиста на албумот тука), ама еве eден пример кадешто е супер.
За потсетување на оригиналот на Blank Space
Blank Space - Ryan Adams
За работата да биде уште поинтересна, Отец Џон Мисти (за кого пишувавме тука) експресно ја зема истата песна и ја обработи во стилот на Лу Рид. Ептен го погодил.