„Овој уметник се интересира за организирана свесност и апликацијата на телото врз површина, објект или ситуација", се вели во описите на перформансите на Орико. Тој пред неколку дена во Чикаго ре-изведе едно од неговите најпознати дела - „Подготви ја плоштината" од 2012. Иако и голем број други уметници се занимаваат со телото, тој е веројатно единствен кој толку опсесивно се фокусира на вилицата.
„Имам лична приказна поврзана со љубопитноста кон забалото. Почна шест месеци откако се запишав на студии, кога вилицата почна да ми се откачува неколку пати неделно. Првиот пат се шокирав, не можев да ја затворам устата. Долната вилица ми беше залепена за градите и останав така со часови", вели тој.
Проблемите продолжиле и кога Орико почнал да работи како танчар со познатиот кореограф Шен Веи. Откако три дена не можел да ја затвори устата и таков се криел во станот, отишол во брза помош и самиот му ја објаснил процедурата за враќање на вилицата на место на докторот, со насочување на целата тежина кон лицето. Следниот ден му бил првиот работен во Њујорк.
Принципот зад „Подготви ја плоштината" е сличен на танчарскиот - телото да се искористи и како материјал и како алатка. Но доколку во текот на изведбата Орико мора да пие вода или да оди во тоалет, перформансот со тоа завршува. Тоа значи дека тој претходно мора да се подготви за најмалку осум часа тешка физичка работа. Еве како изгледа тоа, во осум минути.