Object Lessons (Лекции за предмети) е серија есеи и книги за скришните животи на обичните предмети, од голф топче, преку дронови, хотели, до дуксери и запалки. Есеите се до 2.000 зборови и се објавуваат во рубриката за технологија на The Atlantic. Книгите пак се до 25.000 зборови, и се достапни на хартија и во електронска форма. На официјалната страница на проектот има повик за сите заинтересирани да се придружат, пишувајќи есеј, кој доколку биде објавен може да прерасне и во книга. Се нудат и идеи за оние на кои не им текнува за што би пишувале: пудинг, полначи за електрични апарати, шољи за кафе, и практично сè што може да ви падне на памет.
Една од најинтересните книги е онаа за фрижидерот. Нејзиниот автор Џонатан Рис (Jonathan Rees) го истражува минатото, сегашноста и иднината на овој електричен апарат не само како обична кутија која ви бучи во позадина, туку како огледало на начинот на којшто живееме, како поединци и како општество.
Особено му се интересни магнетите за фрижидери, тие мали, ефтини, понекогаш кичести предмети кои е лесно да ги трупаш, особено во САД каде фрижидерите се обично огромни. Така, магнетите овозможуваат да се исполни најголемиот празен простор во куќите покрај ѕидовите, со нешто што мислиме дека нè дефинира во моментот. Често она што е под него и не е толку важно колку самиот магнет, а неговата замена е лесна и не подразбира дупки во ѕидот или траги од селотејп. Така, и нашиот статус станува пофлуиден, а нашата слобода на избор поголема.
Еве го мојот:
Повеќе за останатите книги тука