Серијата е спонзорирана од производителот на виски The Balvenie, што се толкува и како начин на Бордејн да си обезбеди бесконечен дотур на алкохол.
„За мене е огромно задоволство да гледам луѓе, со специфични вештини и вистинска пасија, како произведуваат нешто убаво. Затоа сум возбуден што сум дел од ова", изјавил Бордејн пред почетокот на серијата во февруари оваа година. На крајот од серијата ќе бидат одбрани двајца стипендисти на Американскиот совет за ретки занаети, и ќе се одржи изложба на дела од врвните занаетчии во земјата.
Петата епизода (10 минути) е посветена на Арион прес во Сан Франциско, печатница во која се произведуваат книги речиси целосно рачно. Од газдата кој го пречекува во одело и лептир-машна за една минута подоцна да го видиме во работничка престилка, преку младиот „сложувач" на текстот со чијшто занает секојдневно се занимаваат само тројца (3) во САД, до читањето на глас - на глас! - на текстот во потрага по коректорски грешки, ама онака ко за радио драма. И фацата на Бордејн кога ја гали готовата книга, и нормално на крај отвара виски. Ма прекрасно!
За важноста на занаетите и „физичката работа“ за фокусираното внимание види тука