Наградата има долга традиција, и беше една од најзначајните книжевни признанија уште во поранешна Југославија. Оваа година добитник е Миљенко Јерговиќ, за неговиот роман „Род", кој според меѓународното жири составено од писатели и научници од седум земји од регионот, го деконструира концептот на националниот идентитет и се соочува со полифоните идентитети на јужнословенски подрачја.
Но она што е интересно во врска со оваа вест е и нешто друго - што во најтесниот избор, заедно со Јерговиќ и Давид Албахари, влезе и нашиот (и ептен наш) Димитар Башевски. По принципот дека ако сам не си се пофалиш нашите медиуми ретко самоиницијативно објавуваат вакви вести (како што се покажа и врз претходен пример, чудно пак поврзан со Његош, во врска со Борјан Цанев), еве ја исправуваме неправдата, и му честитаме на Башевски за тоа што се нашол во одлично друштво и што за неговата номинација пренесоа сите балкански медиуми (тука за информацијата во Јутарњи лист).
Претходно: интервју со Башевски по повод излегувањето на неговaта збирка раскази „Мајсторот“