Од минатата година во главниот град на Хрватска се одржува фестивал под наслов „Загреб, те сакам" чија цел е да ја истражува позицијата на голото тело во јавните простори, а е во спомен на истоимениот перформанс на Томислав Готовац, еден од првите концептуални уметници во бивша Југославија, кој во 1981 лежеше гол на загрепскиот асфалт и го бакнуваше.
Лани настапите на швајцарскиот колектив Ритуал театар (видео подолу) и на американско-корејската уметничка Миру Ким биле прекинати на самиот почеток. Оваа година Тајванецот сепак успеал дури пет часа да остане не само ненавреден и ненападнат, туку и да оствари комуникација со публиката, која му испишувала пораки на ѕидовите на неговата дрвена „куќичка“.
И покрај неславната завршница на перформансот организаторите се пресреќни, бидејќи во однос на минатата година реакциите на публиката биле од неутрални до позитивни и подржувачки. Ваквата разлика според коментатор на Јутарњи се должи на микролокацијата на настанот. Имено оваа година тој се одржа пред Културно-информативниот центар, а не на Цветни трг кадешто се одвивал минатата. Колку и да звучи чудно, и само педесетина метри разлика можат да влијаат врз атмосферата и приемот на одреден настан.
Еве ја полициската реакција лани: