Bookbox

Карло Педерсоли - актерот и Олимпиец што не го знаете под тоа име

Генерациите растени по скопските кино сали многу добро ги знаат филмовите, акции-комедии италијански вестерни, со Бад Спенсер и Теренс Хил. Е па, вистинското име на Бад е Карло, а неговата биографија, која ја дознаваме дури сега, е многу поинтересна отколку што очекувавме.

Денес во САД можеше да има држава што ќе се викаше Абсaрoка

Во 1930-тите, осиромашените фармери и ранчери се залагале за формирање на тогаш 49-та држава која би се состоела од територии на северен Вајоминг, југо-источна Монтана и јужна Дакота. Дури и без детали за приказната јасно е дека не успеале. Но обидот се брои, а се памети и првата и последна Мис Абсaрoка.

Кога помладиот брат на Хемингвеј воспоставил „пловечка република“ на Карибите

На 4 јули 1964, Лестер Хемингвеј ја основал Новата Атлантида, микронација која требало да го поддржува поморскиот живот во регионот. Донкихотовски експеримент или просто потег на човек што сакал да излезе од сенката на многу попознатиот постар брат?

Жената која била погребана во своето „Ферари“

„Во моментот кога ќе го пиете вашето второ кафе, Сандра Ајлин Вест ќе биде погребана во својот скап автомобил“. Вака почнувала статија во весникот Сан Антонио Експрес во мај 1977.

Како гласи зборот за кога не можеш да се сетиш на зборот?

Најчеста замена за вистинскиот збор во момент на „блокада“ ни е - абе она, онаквото. На англиски описот на таквата ситуација е „брејн фарт“ или мозочен испрдок. Но феноменот има и по „фенси“, академски назив.

Колеги и пријатели - праќање мемиња и „риплај ол“ мејлови се лоши за климата

Не сме сигурни дека сме толку загрижени за климата, колку што си бараме уште една причина како да укажеме на оние што нè ставаат во ЦЦ на мејлови кои не се за нас да престанат да го прават тоа, или кои место одговор на човечко прашање праќаат двосмислени сличиња. Можеби нив ќе ги убедиме со овој аргумент. 

Најголемата измама во олимписката историја

Во 1956, воочи летната Олимпијада во Сиднеј, околу 3000 тркачи го носеле Олимпискиот оган низ Австралија. Но една група студенти решила да протестира против ваквата парада, поради нејзината поврзаност со нацизмот.

Првото селфи во историјата

Во 2013 Оксфордскиот речник на англиски јазик соопшти дека „селфи“ е прогласен за збор на годината. Но обидите да се регистрира сопствениот лик низ фотографскиот медиум се многу постари од тоа.

Како започнала традицијата на читање книги на плажа?

Поголем број навики кои ги поврзуваме со топлите месеци можат да се трасираат до 19 век, кога индустријализацијата и напредокот во транспортот ги поставило основите за летен одмор онаков каков што го знаеме денес. 

Дали може вревата од спортските настани да биде претворена во струја?

Тинејџерка која ја користи гаражата на нејзините родители за експерименти, последниве неколку месеци се обидува да конвертира вибрации произведени од звучни бранови во спортски арени во струја. Била инспирирана од филмот „Чудовишта“ на Дизни каде енергијата се добива од врисоците на деца. 

Без сатира сме при очи слепи

Наша теорија за битката на Беласица е дека она што се случило по неа со војниците на Самоил всушност било превентивно вадење едно око, за еволутивно Македонецот никогаш да не стекне амбиции за трето. Ама заборавиле на внатрешното око, она севидечкото, кое не само што гледа, туку и прекорно суди. 

Единственото интервју што Бекет го дал по добивањето на Нобеловата во кое не кажува ни збор

Авторот на „Последната лента на Крап“ и „Чекајќи го Годо“ е познат по експериментирањето и апсурдноста. Но изгледа ваквите принципи не ги применувал само во пишувањето, туку и во животот. 

Букбокс гледаше: „Сенката на командантот“ (2024)

Документарен филм, достапен на ХБО, кој е најдобро да се гледа пред или по оскаровецот „Зона на интерес“. И кој, ако е тоа воопшто можно, му дава дополнителна тежина. 

Вештачка интелигенција одбива да пишува во стилот на контроверзниот Уелбек

Вештачката интелигенција е онолку „паметна“ колку што се вредностите, ставовите, податоците на кои е обучувана. Ако се храни со политичка коректност од рака на цензор, така и ќе се однесува. Наместо ангажирана политичка проза ќе понуди романтични зајдисонца. 

Ѕвездата на тенисот кој го преживеал Титаник и го освоил олимпиското злато, токму во Париз

Да, Новак Ѓоковиќ е мајстор со освојувањето на златниот медал на 37 години. Но приказната за еден друг тенисер содржи многу поекстремни детали, кои од него прават вистински тениски херој.

Mачешки клавир: суровиот инструмент кој требало да помогне во третирање психијатриски пациенти

Запознајте го суровиот начин на произведување пеколни звуци. Инструмент кој не ни бил наменет за создавање музика, туку бил измислен за да можат да го употребуваат психијатри. Предупредување: самото замислување на малтретирани мачиња може да предизвика траума. 

Генераторот на љубовни писма што го предвидел Чет ЏПТ

Алан Туринг и Кристофер Стречи создале револуционерна компјутерска програма која овозможувала да се генерираат и испраќаат родово неутрални интимни писма, кога јавното искажување на хомосексуалната љубов била сметана за криминал.

Австралиската писателка и активистка што живеела во кула на Халкидики

Ако летово го поминувате на Халкидики или некаде во близина, направете еден излет до Уранополи на третиот крак - последната станица на аџиите кои одат на Света Гора. На брегот на живописното гратче има кула, внатре музеј и приказна за брачниот пар од Австралија кој живеел тука, помагајќи му на локалното население.

Приказната зад „Химна на љубовта“ - песната на Едит Пјаф која ги отвори Олимписките игри

„И небото нека падне во морето/И ѕвездите нека се угаснат околу мене/Ќе испеам химна на љубовта/за времето што го поминавме заедно“. Вака гласат стиховите на прекрасната песна на Едит Пјаф, посветена на нејзина голема љубов чиј живот згаснал прерано, со тоа прекинувајќи ја и нивната врска. 

Тркачката што со „иле“ го променила правилото дека жени не смеат да трчаат маратон

„Жените не се физиолошки способни да истрчаат маратон“. Овие зборови ги добила Роберта Боби Гиб како одговор на нејзиното барање за официјална регистрација на Бостонскиот маратон во 1966. Така ли? - помислила жената која во тој момент била способна ко ништо да истрча 60 километри во еден здив.

Букбокс гледаше: „Јас сум Селин“ (2024)

Настапот на Селин Дион на отворањето на Олимписките игри беше брилијантен сам по себе. Но тој добива на уште поголема тежина ако се знае (и ако со свои очи се види) како изгледала предиграта на овој голем настан, со оглед на нејзината борба со реткиот невролошки синдром, кој погодува 1 на милион луѓе. Овој документарец го овозможува тоа, со надеж дека ќе ја зголеми свеста за ваквите нарушувања и кај оние што не можат да си ја дозволат најдобрата нега на светот. 

„Каде ви е храброста?“ - малку познатата борба на Џони Кеш

Во 1964, Џони Кеш издал теаматски албум под наслов „Горчливи солзи: балади на американскиот Индијанец“. Веднаш се соочил со цензура поради залагањето за домородците. Ама па и не останал должен.

Кој е Томас Жоли, режисерот на отворањето на париската Олимпијада?

Реакциите по завчерашната свечена церемонија на отворањето на летните Олимписки игри во Париз не стивнуваат. Провокативна, за некои дури и контроверзна, логистички прекомплицирана (плус дождот), таа со сигурност долго ќе се памети. Но кој е човекот зад целиот проект?