Сè поврзано со патување може да биде стресно, од стигнување до аеродром на време, преку наоѓање на точниот „гејт“ на поголемите аеродроми, до самиот лет. Ама еден аеродром во САД го има решението.
„Приказната на слугинката“ на Етвуд се искачи за повеќе од 400 места на листата на бестселери денес (среда, 7.11.), а слична е ситуацијата со примероци од книгата „За тиранијата“ од Тимоти Снајдер.
Исторски имало, и се уште има, напори да се каталогизираат сите постоечки јазици на планетата. Но еден лингвист ги открива огромните предизици што стојат на тој пат.
Со векови, лекарите и научниците дисецирале човечки тела за да ја разберат човечката анатомија. Прилив на трупови добивале од извршувањето смртни казни. Но како што казнените системи „омекнувале“, така почнало да снемува материјал а да се зголемува бројот на трупокрадачи. Еден Англичанец одлучил да преземе сè за да не им падне во рацете.
Научниците ги одредиле овие доминантни пребарувачки стилови со тоа што го набљудувале однесувањето на луѓе кои паѓаат во „зајачката дупка“ на Википедија.
Низ историјата многу почест пример бил жена да земе лажно име на машки автор, за нејзиното дело да може без проблем да биде објавено и рецензирано без предрасуди кон нејзиниот пол. Но еден познат изумител и писател го направил обратното - измислил псевдоним и лик на постара жена-вдовица под чие име објавувал во локалните весници.
Александар Милес пет години дрско ги изнесувал највредните книги од хрватската НУБ и ги продавал во земјата и во странство, заработувајќи милиони. Го разоткриле кога негов соработник бил фатен на граница со книга чие потекло не можел да го објасни. Од тој момент натаму се плете мистериозна приказна која до денес не е разјаснета.
Lioconcha hieroglypica е вид морска школка, која може да се најде на Хаваите, Филипините и на Маршаловите острови во Пацификот. На прв поглед изгледа ко на неа некој со мастило да нанесувал некакво тајно писмо.
Заразната природа на бактериските или вирусните инфекции се добро познати. Ако некој ти кашла во лице, а е болен од грип, има шанси и ти наскоро да заболиш. Но што е со менталното здравје?
Луѓето имаат извикувано „буу“ или верзија од истото, за да ги уплашат другите, од средината на 16 век. Ама духовите? Изгледа дека тие малку подоцна ја научиле финтата.
„Најисполнетите луѓе кои ги познавам имаат две особини. Тие се незапирливо љубопитни - за нови идеи, искуства, информации и луѓе. Истовремено, изгледа како да живеат во состојба на континуирана, самонаметната несреќност“.
Била позната под повеќе имиња - Флоренс Барбара Мари Финијан или Флорика Марија Сас, или Барбара Марија Шаш. Родена 1841 во Трансилванија, во средината на 19 век дел од кралството Унгарија, таа од сираче станала робинка, па авантуристка која го истражувала изворот на Нил, за на крај да почине како англиска лејди.
Вилијам Хоуп тврдел дека може да го документира присуството на духови во моментот на сликањето. Контроверзните слики кои тој ги направил сега ни помагаат да ја разбереме историјата на фотографијата.
Откако бил избркан од германската сцена во 1934 од антисемитските струи, Лео Ројс нашол неверојатен начин да се скрие пред очите на сите. Се преправил во селанец од Алпите, пуштил брада, си ја обелил косата и почнал да добива улоги поради својата „аматерска автентичност“. Кога пак пребегнал во Холивуд, таму играл - нацисти!
Во мемоарот холивудската легенда го документира својот динамичен живот на начин кој е опишан како искрен и весел. Сепак помеѓу спомените има и по некои трауматични. На пример кога на 10-годишна возраст си го повредил пенисот.
Има десетици облици на енергија, од хемиска, гравитациска, електромагнетна, до нуклеарна, термална, енергија на ветерот. Зошто човечката енергија не се појавува на вакви листи? Што подразбираме всушност под овој термин?
Селективното слушање, познато и како „ефект на коктел забава“, е способноста да разликуваме и да се фокусираме само на еден звук во присуство на други со кои тој конкретен звук се „натпреварува“. Накратко - она што нè интересира го слушаме, другото го игнорираме како позадинска врева.
Бjoрн Улвеус од АББА, актерката Џулијан Мур и пејачот Тој Јорк се помеѓу потписниците на изјава од претставници на креативните индустрии кои се противат компаниите да ги користат нивните ликови, гласови и дела за тренирање на вештачка интелигенција.
Во 1960, кога излегол „Психо“, Хичкок веќе бил етаблиран помеѓу големите имиња на „златното доба“ на Холивуд. Но овој филм го зацементирал неговиот статус и придонел за создавање на стилистичката придавка „хичкоковско“. Иако повеќето филмови тогаш веќе се снимале во колор, големиот режисер донел поинаква одлука.
Основачот на лабораторијата за вештачка интелигенција ДипМајнд на Гугл неодамна се закити со Нобелова за хемија, за предвидување на структурата на протеините. Но сега тој ја аплицира технологијата за создавање на алатка која би требало да помогне во креирање консензус по какво и да е прашање за кое има крајно спротивставени мислења.