Од толку пати што сме ја посетиле Виена, никогаш не сме слушнале дека таму постои необичен музеј, за нешто што е универзално а сепак со културолошки специфики - справувањето со смртта, односно со посмртните останки. Трамвајот кој застанува на Централните гробишта, порта 2, беше полн со средношколци на екскурзија во овој физички мрачен, но всушност многу освежувачки музеј.