„Заспаната убавица“ од Палермо - најдобро сочуваната мумија во светот

Необична и трогателна приказна за едно девојче од Палермо, чието тело речиси еден век останало неверојатно сочувано. Станува збор за спој на родителска љубов, научна вештина и мистерија што со години ги привлекува посетителите и истражувачите.

Катакомбите на капуцините во Палермо, Сицилија, е импресивно и морничаво место каде се наоѓаат околу 8000 мумии наоѓа телото на двегодишната Розалија Ломбардо, кое често се нарекува „Заспаната убавица“. Нејзиниот татко, скршен од болка по нејзината смрт од воспаление на белите дробови, побарал од познатиот специјалист за балсамирање Алфредо Салафија да го сочува телото засекогаш. Од 1920 година, девојчето лежи во стаклен ковчег, како да спие.

Методот што го користел Салафија долго време бил мистерија, но резултатот е извонреден: телото е зачувано речиси во целост и по повеќе од сто години. Рендгенските снимки покажуваат дека внатрешните органи сè уште постојат, иако има мали знаци на распаѓање. За дополнителна заштита, ковчегот бил поставен во посебна средина исполнета со азот, со цел да се спречи понатамошно пропаѓање.

Секоја година илјадници луѓе доаѓаат да ја видат Росалија, фасцинирани од нејзиниот изглед и од приказната што ја следи. Со текот на времето се појавиле и митови, особено тврдењето дека таа ги отвора очите. Оваа мистерија подоцна ја објаснил антропологот Дарио Пјомбино Маскали, кој утврдил дека станува збор за оптичка илузија предизвикана од светлината. Тој забележал дека очните капаци никогаш не биле целосно затворени, па промените во осветлувањето создаваат впечаток дека очите се движат. 

8 април 2026 - 15:35