
Двајца играчи седат еден наспроти друг и секој од нив ја држи исправена левата или десната рака со кренат палец. Со различни маневри кои си имаат свои живописни имиња како „бакнеж“ или „ненадејна смрт“, тие се обидуваат да го покорат палецот на противникот. Победата се прогласува откако тој ќе биде нокаутиран најмалку четири секунди.
Постојат официјални натпревари и во машка и во женска конкуренција во повеќе земји, а во моментов на врвот е четирикратниот светски шампион Пол „Андер д Тамб“ Браус. Неговата баба (мајката на неговата сопруга) Џенет „Нени-Тамб“ Колман е актуелна шампионка во женска конкуренција (ги замисливте зетот и бабата на слава како се буткаат со палци, нели?).
Кој го измислил овој спорт не е сосема јасно, а можно е и неколку души да се сетиле на истото во различни историски периоди. Сепак, најчесто спомнуван е американскиот писател и новинар, добитник на Пулицер, Норман Мејлер. Можеби е така затоа што тој самиот си ја припишал оваа заслуга, а во еден момент се прогласил и за светски шамион - титула која подоцна наводно ја загубил од мексикански борец со бикови некаде пред 1967. Оние што го познавале тврдат дека тој секако имал многу јаки палци.
Овој вид „борење“ денес има израснато во некој вид индустрија. Има компании што произведуваат маски за палците, lucha libre - такви кои традиционално се носат од мексикански професионални борачи. А борбата се води во мини-ринг со дупчиња за прстите. Погледнете во видеото: