Offside

Пред мечот Бразил - Норвешка на Светското, во редакција беше поставено најлогичното прашање, кое звучи едноставно, а уствари е најкомплицирано: Кој ќе го чува Халанд?

Прослава на денот со пожарникар

Динамо Загреб го направи најголемото чудо во Лига на шампиони, откако со 4:0 ја декласираше Аталанта. Еден од головите фудбалерите го прославија со пожарникар кој стоеше зад голот, под трибината на „Бед Блу Бојс“.

Ваков удар никој не му фатил на Запата до сега

Динамо Загреб го потопи дебитантот Аталанта во ЛШ со 4:0. Голманот на домаќините Доминик Ливаковиќ го има потегот на мечот и една од најјаките одбрани во првото коло. Страшен рефлекс против голгетериште кое лани даде повеќе голови од Роналдо и Пјонтек во Серија А.

Ете зошто малиот од Динамо вреди богатство

Хрватскиот шампион летово одби неколку сериозни понуди од по 20-ина милиони евра за младиот Шпанец Дани Олмо кој игра како крилен напаѓач. Малиот во моментов е еден од најдобриот европски играчи, а тоа го докажа и синоќа во историскиот триумф на Динамо кој долго ќе се памети.

Не ги прати никаде, туку ги поништи и двајцата

Атлетико Паранаенсе синоќа го освои Купот на Бразил со вкупни 3:1 на двомечот против Интернационал. Во седмата минута од судиското продолжение напаѓачот на Атлетико, Марсело Сирино беше на мака да се носи со двајца. Кога сфатија што им се случи, се откажаа од мечот.

Каква ЛШ, погледнете го ова лудило

Поминаа 16 средби од првото коло во Лига на шампиони, ама никој не може да се пофали со вакво ремек дело. Од академијата на Ридинг се појави магионичар. Прием - дриблинг - завршница. Па овој не е нормален што сè направи во едно и како го изведе тоа.

Динамо Загреб ја прегази Аталанта, ПСЖ рутински со Реал

Фудбалерите на хрватскиот шампион со четири парчиња во мрежата ја испратија Аталанта назад во Бергамо. Сити сигурен во Украина, реми меѓу Атлетико и Јувентус во дербито.

10-та сезона на Бизнис лига на Македонија, со рекордни 27 учесници

Најмасовното аматерско натпреварување во мал фудбал, Бизнис Лигата на Македонија, одржа прес конференција на која беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот и термините во кои ќе бидат одигрувани натпреварите како и други детали околу самата лига.

Гревот кој на Криштопанс му играше еден на еден

ЕХФ ја има фотографијата на неделата во Лига на шампиони откако ракометарот на Монпеље Диего Симонет, немаше соло акција, туку обид за соло акција против 215 см високиот џин од Летонија, кој за жал уште оваа сезона ќе игра за Вардар.

Јако мотивирачко видео за секој што навива за Јуве

По загубените финалиња во 2015-та и 2017-та и неочекуваната ланска елиминација од Ајакс во четвртфинале, Јуве тргнува по нова, тешка и предизвикувачка сезона од најелитното клупско натпреварување, каде размислува само на трофејот. Вечерниот старт им е против Атлетико Мадрид кој прошла сезона го минаа во осминафинале. Трејлерот е прејак, особено за Јувентините.

Кои Македонци го бодреа во живо Елмас во ЛШ

Елиф Елмас синоќа имаше деби од соништата во Лига на шампиони. На Сан Паоло славеше против европскиот првак, а меѓу македонските гледачи се појави селекторот Игор Ангеловски.

Звезда се потсеќа кога Панчев и Дејо го срушија Баерн среде Минхен

Вечерашниот натпревар меѓу Баерн Минхен и Црвена Звезда во ЛШ го навраќа српскиот клуб на еден славен епски меч од аналите. Тоа е двобојот против Баерн по кој отпатуваа на финалето во Бари 1991-ва.

Мислевме само Супермен може да одбрани вакво нешто

Ако не се повредеше Алисон Бекер, немаше да дознаеме дека Ливерпул на клупа држи мачка од Шпанија по име Адриан. Бранеше одлично на Супер Купот против Челси пред еден месец, а синоќа ја оствари сигурно одбраната на колото, ако не и на сезоната во ЛШ. Импресивно.

Одбојкарски махер на колото

Додека синоќа сте се нервирале што Борусија - Барса заврши компир, Челси дома ја оплеска и Ливерпул не ја даде ГГ3+, го имаме обложувачот на денот. Можеби не му е многу полн џебот, колку срцето и ќеифот.

Младиот Норвежанец кој даде 3 гола за едно полувреме во Лига на шампиони

Се вика Ерлинг Холанд. Доаѓа од Норвешка. Растура во дресот на Салцбург а има само 19 години. Синоќа влезе во историјата на Лига на шампиони како еден од тројцата најмлади кои три пати ја погодиле мрежата во елитното друштво.

Од време на Роналдињо не сме виделе ваков потег

И покрај тоа што Ајакс за него имаше многу понуди, на крај успеа да го задржи. Давид Нерес (22) сезонава пак ќе ги забавува навивачите, како синоќа против Лил.

Ливерпул да не го види Неапол, таму е страшно и за играчите и за навивачите

Ако по други европски градови можат да се опиваат и малтретираат недолжни минувачи, англиските хулигани, особено оние на Ливерпул кога одат во Неапол, не јадат ни домати зошто се црвена боја.

Вилијан сè ли е океј?

За број 1 комична ситуација од она што во последно време сме го начекале по нетов, го прогласуваме ова ултра брзо и ентузијастично појавување на Вилијан на Стемфорд Бриџ кое се случи лани на лондонското дерби. Ај нема да јадеме бабури понатаму.

Ме боли бе Душане, дој да те бубнам ќе ти помине

Ланскиот полуфиналист Ајакс имаше убедлив старт во првото коло од ЛШ во кое го совлада Лил со 3:0. Во еуфоријата при првиот гол, младиот Давид Нерес доби една воспитна од капитенот која не му беше баш пријатна. Тоа е дете, мора да се јачаш.

Приоритетот на Столе е поддршка на Македонија во секој спорт

Иако оди на тренинзи каде може да ги следи тактиките, но не и тренира поради повреда, сепак капитенот на Вардар е со мислите и со телефонот во Словенија, каде македонската одбојкарска репрезентација синоќа на европско направи голем подвиг против домаќинот. Човекот кој добива огромна поддршка, знае и да ја даде на оние што им е потребна.

Наполи и Елмас го урнаа Ливерпул, Барса и Интер куртулија

Со 16 години и 351 ден, Ансу Фати вечерва стана најмладиот играч во историјата на Барса кој играл во Лига на шампиони. Елиф Елмас доби 15 минути од Анчелоти во триумфот против европскиот шампион Ливерпул.

Последниот поен на Македонија за делириум на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација направи сензација на деби настапит на Европското првенство. Во Стожице го урнаа домаќинот Словенија кој важеше за апсолутен фаворит. Одбојкарите се во транс и со шанси за пласман во осминафинале.

Магијата на жолтиот ѕид во Дортмунд

Една од најкултните навивачки трибини на светот. Денес го бодреа нивниот тим против страшната Барселона, а пред мечот направија прекрасна кореографија од конфети со буквите на клубот BVB.

Шпанија ја прослави титулата на плоштад во Мадрид

Златниот пехар и медалите прво ги донесоа кај кралот Фелипе V1, па кај премиерот Педро Санчеѕ, а на крај прославија со отворен автобус на плоштадот Plaza de Colón во Мадрид пред десетици илјади навивачи.

Сторијата за Дани Алвеш во 3 минути

Најтрофејниот фудбалер во историјата имал до толку стресно детство, што понекогаш немал и што да јаде. Дома биле утепани со пари, а Дани како мал спиел на бетонски кревет и секое сабајле се будел со болки во грбот.