Во отсуство на Ибрахимовиќ кој поради повреда го пропушти мечот со Верона (1:1), нападот на Милан заедно со Анте Ребиќ го предводеше Саму Кастиљехо. Додека судијата гледаше ВАР од еден прекршок на Амбрабат врз Кастиљехо, во преносот се виде тетоважата на грбот на Шпанецот.
Со јалови напади Милан проба, ама не успеа да ја продолжи победничката серија, немаше многу шанси на мечот, па гледачите ги заинтересираа чудните букви на грбот на Кастиљехо.
Има исцртано натпис: „Мамихлапинатапај“, тоа е збор од јагански јазик во изумирање на кој зборува племето Јагани кои живеат на архипелагот Огнена Земја во Јужна Америка.
Мамихлапинатапај не е можно да се преведе. Во Гинисовата книга на рекорди овој збор е опишан како збор со најобемно значење на светот. Но дури и еден од преводите како што е „многу, многу“ не може да се смета за доверлив.
На јагански јазик веќе никој не разговара. Во 2018 година за овој јазик се заинтересирал БиБиСи (баш во тоа време Кастиљехо го тетовирал овој чуден збор) и решиле да дознаат што тоа значи. Дури и 89-годишната Кристина Калдерон која е еден од најретките останати носители на јагански јазик, се мачела со преводот на овој збор.
А во Гинисовата книга на рекорди има и верзија од Томас Бриџис, англиски лингвист и мисионер кој стасал на Огнената Земја во 1860-те години. Тој составил англиско-јагански буквар, но значењето на зборот Мамихлапинатапај го напишал во посебно поглавје.
„Кога гледаш во друг човек и посакуваш другиот да го иницира она што и двајцата го посакувате, пишал Бриџис.
Има и други варијанти на превод на овој збор. Пример јаганскиот водач Виктор Филгуеира го опишал овој термин поинаку: „Тоа е момент на медитација, кога сите гледаат во оганот додека гори и старите им пренесуваат преданија на младите. Во тишина“.
Специјалистот за јазици во умирање Ана Дајно вели: „Силен поглед еден на друг, посилен од зборови“. Речиси никогаш нема да се дознае точното значење на овој необичен и чуден збор, затоа што Кристина Калдерон е последната во Чиле која зборува на јагански јазик. Таа и уште пар луѓе во Аргентина. Сите останати Јагани веќе одамна преминале на шпански јазик како цела Латинска Америка.