Англиската јавност под голема лупа ги следи сите случаи на расизам во Премиер лигата, најгледаното првенство на целиот свет. Ај што по стадионите има камери, туку има и освестени луѓе кои на прва реагираат ако видат некој до нив како испушта мајмунски крици и урликања на сметка на некој црн противнички фудбалер.
Така, 24-годишниот Џорџ Рејнолдс за време на мечот Брајтон - Тотенхем на цел глас ги навредувал црните фудбалери од европскиот вицешампион.
Брзо му се сипале некои присутни навивачи на „Амекс“ стадионот и го прекорувале да не биде расист. Рејнолдс им возвратил па настанала гужва.
Тоа ѝ овозможило на британската полиција да го лоцира виновникот кој во полиција рекол дека бил пијан и дека не памти што било, но дека ја прифаќа пресудата која на 8 недели го праќа во затвор.
Рејнолдс бил сезонец на стадионот на Брајтон, а клубот решил да му ја одземе сезонската карта и засекогаш да го суспендира од сите манифестации и настани поврзани со клубот.
„Имаме нула толеранција на расизам“, рекол Пол Бербер, директор во премиерлигашот Брајтон, а истото го повторил и Дарен Балкам, командир во полициската страница во Сасекс.