Елмас има трк, интелигенција, квалитет и карактер

Тоа што ние го гледаме на Градски за Македонија, почна се повеќе да го забележува и италијанската критика од која доби одлични оценки за синоќешната партија против Сампдорија. Браво Елиф.

Елиф Елмас потпиша за Наполи на 24 јули и долго време со душа го чекаше деби голот во Серија А. Минутажата до сега му беше поголема кај Анчелоти, помала кај Гатузо. Но синоќа доби шанса во прв тим и ја искористи максимално.

Го испоти дресот со голема борба на терен за што доби и пофалби и го постигна првиот гол кој го прослави емотивно. Уште еден показател колку само го посакуваше.

Еден од насловите за него вели вака:

„Гол и солзи за Елмас. Тој е еден од најдобрите според оценките: интересно момче е. Освен голот се бореше силно и заслужи жолт картон“.

Македонскиот бисер доби високи оценки особено од најеминентните весници Газета и Кориере. Овој вториот го напиша тоа што навистина се гледа кај него. Трк и интелигенција.

Газета дело Спорт 7 – Интересен фудбалер е. Покрај голот, се бореше силно на терен, ама го заслужи и жолтиот картон.

Кориере дело Спорт 7 – Прв гол во Серија А и солзи од радост. Има трк и интелигенција за да влезе секогаш во опасната зона пред гол.

Ил Матино 6,5 – Овој пат голот е негов. Против Сасуоло стави нога, но клучниот допир го направи Обианг. Овој гол против Сампдорија е само негов. Беше добар не само во тоа што ја пикна внатре, туку и во тоа што се бореше многу во среден ред.

Тутонаполи 6,5 – Квалитет и карактер. Се насочуваше и кон гол. Во жарот не се враќаше назад.. Даде гол во прво и беше луциден и во второ полувреме.

Деби голот

4 февруари 2020 - 09:49