Тоа е број на дрес кој не може секој да го носи, број за кој треба многу да те бива. Носи одговорност бидејќи кога ќе ја примиш мора да носиш одлуки. Во Италија тие ги викаат „Треквартиста“, како што беше Тоти на пример. Даваат голови, дриблаат, шутираат слободни, ама се очекува и многу да наместат.
Џани Ривера, Марадона, Тоти, Гаскоњ, Платини, Дел Пјеро, Баџо, Руи Коста, Снајдер. Имиња боли глава. Секој во свое време. Од актуелните се истакнуваат Луис Алберто, Дибала, Гомез...