Дарко Панчев
По историските успеси со Црвена звезда со која стана европски и светски шампион, Панчев потпиша со Интер. За нераѕурите играше две сезони, настапи на 28 меча и постигна 10 гола (3 во првенство, 7 во Куп на Италија) доволно да стане првиот Македонец кој ја тресел мрежата во Серија А.
Против Удинезе на 31 јануари 1993-та на „Џузепе Меаца“:
Горан Пандев
За Гоче нема што да се кажува. Доволно е само да се спомене дека на 37 години Интер пројави сериозен интерес да го врати во своите редови како „бек-ап“ напаѓач. Пандев со сигурност е најдобриот македонски фудбалер кој се прослави во Серија А. За тоа колку голови вкупно постигнал треба да земете дигитрон и да почнете.
Македонската и општо европската јавност се фрапираше по неговиот гол против Јувентус (04/05) кога дар-мар ги направи Турам, Канаваро и Буфон. Тогаш Ибрахимовиќ го спаси Јувентус кој победи од пресврт.
Агим Ибраими
Еден од најталентираните фудбалери од школата на тетовска Шкендија, ќе може на стари години да каже како му дал гол на еден Челси во Лига на шампиони. А ќе се памети и како еден од реките кои давале гол во Серија А.
Агим Ибраими играше во Каљари во сезоната 2013/2014, како позајмен играч од Марибор и на 25 меча даде 2 гола
Александар Трајковски
По првите фудбалски чекори во Цементарница 55, Алекс почна да гради мошне сериозна кариера. Отиде во Интер Запрешиќ од каде се пресели во белгиски Ѕулте Варегем, па во Мехелен. Игрите во Белгија го препорачаа во Серија А каде потпиша за Палермо.
За тимот од Сицилија играше од 2015 до 2019 година и на 104 меча даде 16 гола од кои 4 во Серија А а 12 во Серија Б:
Илија Несторовски
Прилепчанецот имаше сличен пат како и Скопјанецот. Несторовски во еден момент како шпиц на Палермо беше еден од подбрите стрелци во Италија (11 гола и 3 асистенции). За него имаше интерес од поголемите клубови, а веќе некое време игра во Удинезе каде никако да ја најде правата форма.
Елиф Елмас
Конечно после 6 месеци дочекавме најголемиот македонски фудбалски бисер да се запише во листата на стрелци и во Наполи, клубот кој скапоцено го плати по одличните партии во Фенербахче.
Eljif #Elmas è il sesto giocatore macedone ad andare a segno in #SerieA, dopo #Pancev, #Pandev, #Ibraimi, #Trajkovski e #Nestorovski.#SampNapoli #Napoli
— Andersinho Marques (@Andersinho_ITA) February 3, 2020
Елмас се израдува на првиот гол во Серија А против Сампдорија на гости (2-4). Се надеваме ова е само почеток на голгетерска серија на фудбалерот од среден ред: