Offside

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Магијата на Лука Дончиќ против Сан Антонио

Дончиќ синоќа стана вториот најмлад играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл со најмалку 40 поени. Само Леброн Џејмс имал таков учинок. Словенецот во триумфот на Далас над Спарс 117:110 постигна 42 поени (14/27 од игра, 5/13 за три поени) со 12 асистенции и 11 скока.

Еуро Табак преку дуото Ливрински – Младеновски до победа надЛукоил

Екипите на Еуро Табак, Ван Хоол и А1 со победи го отворија 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

На денешен ден пред 14 години, Сантијаго Бернабеу му аплаудираше на Роналдињо

Иако Флорентино направи „Галактикос“ со Роналдо (Бразилецот), Зидан, Робињо, Бекам, Раул, Барселона дојде на Бернабеу во уште пострашен состав: Деко, Чави, Меси, Ето, Роналдињо. Кој од кој појезив за чување на теренот. Роналдињо тогаш направи дар-мар, Каталонците глатко славеа 0-3 а илјадници на стадионот во Мадрид стоечки му аплаудираа на големиот мајстор од ривалскиот клуб.

Во меѓувреме да видиме што коментира Балотели на Инстаграм

Додека неговата земја ја газеше Ерменија 9:1, за него синоќа беа побитни првите три букви од глаголот “газеше“, отколку да го гледа историското издание на Италија. Тој и се насука на Инстаграм на неговата бивша, Рафаела Фико на која и го остави следниот коментар: „Мајко мила каков г`з“. Мислиш уште 19 години има, а не 29.

Ај оди види дали сум таму

Емануел Мидиеј од Јута Џез на играч од Минесота му измести и врат и памет.

Сите рекорди на Италија под водство на Манчини

На жабарите им тргна, ама не да им тргна, растур систем прават. Манчини остварува рекорди недостижни и за Трапатони, Липи, Ѕоф. Несреќникот Џанпјеро Вентура веќе никој не го ни збори.

Автогол на сезоната во Бразил

Васко да Гама против Гоиас во бразилското фудбалско првенство. Домаќините поведуваат 1:0 преку некогашниот најголем талент на јужно-американскиот фудбал, Колумбиецот Фреди Гуарин, а Гоиас израмнува дури во 90+7’ минута по еден смешен, бизарен автогол на Освалдо Енрикез.

Некој дека рече Суарез бил стар и не бил во форма

Во Тел Авив многу интересен меч одиграа Аргентина и Уругвај. Паднаа четири гола и сите четири ги дадоа великани на јужно-американскиот фудбал: Кавани, Суарез, Агуеро и Меси. Оној на Лучо беше некако нај.

На два квадрати простор, Меси четворица ги изеде

Со головите на ѕвездите Агуеро, Меси, Суарез и Кавани, Аргентина и Уругвај одиграа пријателска 2:2. Му се сипаа на тоа малото четворица еден по друг и? Што и, џабе и гурање и паѓање, не е нормален, тоа е тоа.

Судија под итно на очно да си закажеш

На селекциите на Ботсвана и Алжир во квалификациите за Куп на нации им се падна судија кој дефинитивно не знае кај тера. Колете се вие, до три фаули во акција толерира, за потоа да свирне непостоечки офсајд.

Италијанциве на допинг да не се? 9:1 тепаа

Иако имаа 9 од 9 во квалификациската група за ЕП 2020 и веќе немаа никакви мотиви за игра, сепак ги најдоа и решија да здробат сè до крај, односно да го завршат циклусот со 10 од 10. Не сме гледале волку моќна и ефикасна Италија до сега.

Врвно видео за доминацијата на Ливерпул сезонава

На 12 меча имаат само едно реми на Олд Трафорд, а сè друго победија. Веќе се на +8 од Лестер и Челси, а на +9 од Сити. Во еден прејак видео приказ, тоа изгледа вака.

Најјакиот фудбалски терен во Македонија се наоѓа во село Сенокос

Единственото игралиште на планетава каде за да изведеш корнер треба да припазиш како да си на пешачки, се наоѓа кај нас, да кај нас или поточно во близина на Прилеп. Ајде добро, можеби не е единствено, иако ние мислиме дека е.

Ако ви фалат луѓе за гостување, имаме кукли да врзете

Цвејген Каназава, јапонски клуб чии навивачи никако не можеле да наполнат автобус за гостување на страна. И што да прават, решиле да врзат кукли, за да изгледаат повеќе на трибина.

Најинтересна забавена снимка на колото во НБА

Бостон Селтикс после првиот пораз на стартот од новата сезона во НБА, нанижаа неверојатни 10 победи по ред. Синоќа изгубија за „пола кош“ во Сакраменто 100:99, а милиметри ги делеа од продолжување на лудата серија. Маркус Смарт во последна секунда влезе на положување за победа и...

Како велшките навивачи го бодрат капитенот Бејл

Репрезентацијата на Велс утре вечер на домашен терен игра директен дуел против Словачка за пласман на Европско 2020 година. Кој победи оди на големиот турнир. Во меѓувреме, навивачите на Велс во Азербејџан се спрдаваа со односот на Бејл со Реал Мадрид каде најчесто игра голф и не тренира со првиот тим.

Циркусот со прскалката на новиот стадион во Албанија

Толисо после осум минути игра, а Гризман после триесет и една минута дадоа по гол за победа на Франција против Албанија во квалификациите за Евро 2020. Мечот се играше на новиот модерен стадион во Тирана „Арена Комбетаре“, кој синоќа го имаше свеченото отворање. За изградбата е вложено 60 милиони евра, ама некои од луѓето задолжени за прскалките ја упрска премиерата.

Во Свазиленд на квалификациски меч времето се поремети

Свазиленд и Сенегал играа квалификациски натпревар во Купот на Африкански нации на лудо време. Прво се спои небо и земја и не можеше човек да држи рамнотежа на таков ветер, не па топка, а потоа се отвори како за пикник на 1 мај.

Роналдо му украде гол на Жота

Португалците ризикуваа во последното коло против Луксембург на гости да останат без пласман на Евро 2020, затоа што домаќините имаа неколку сериозни шанси за гол при резултат 0-0 и 0-1. На крај Роналдо со себичен потег го реши мечот.

Дојди на два пати да се пробаш со батко ти Рашфорд

Селекцијата на Косово помина далеку полошо дома, отколку на гостувањето во Англија. Таму 4:3, дома 0:4. а најмногу во игра еден на еден го окрка овој дефанзивец во дуел со Рашфорд.

Бруталност на партизановата трибина

Во втората четвртина од дербито на 7. коло во АБА лигата меѓу Партизан и Црвена звезда, на делот каде што седеше една од трите фракции навивачи на Партизан дојде до страотна тепачка. Полицијата интервенираше со задоцнување и на крај хаосот заврши после неколку минути.

Абе ти џандар да не си? Играч е тој ало

Сценава на синоќешниот меч меѓу Израел и Полска е настварна. Влетува падобранец на терен, полицаец се стрчува да го фати и место него, му влегува на полскиот дефанзивец Томаш Кедзора. На крајот несреќник е и тој и фудбалерот, бидејќи и двајцата лежеа повредени на терен. Левандовски куртули, а за малку и него ќе му клизнеше. Оф мори мајко, каква циркузијада е ова.

Селски фудбал, босанска верзија

Прво калта ја штопна топката, односно ја одбрани да не влезе во гол, потоа го имаше она “вратена до голман“, па судијата досуди индиректен удар и на крај сите на гол и општ хаос.