Лига на шампиони

Аталанта Бергамо пишува историја, на прагот се од 1/4 финале

Во своето прво историско учество во Лига на шампиони, Бергамашите направија подвиг и се пласираа во нокаут фаза. А таму вечерва за 60 минути до врв ја наполнија мрежата на Валенсија и со една нога се во четвртфиналето. РБ Лајпциг направи огромен чекор за 1/8 финале.

Осминафинале, Лига на шампиони, први натпревари:

АТАЛАНТА - ВАЛЕНСИЈА 4:1 (3:0)
/Хатебур 16', 63', Иличиќ 42', Флојлер 57' - Черишев 66'/

ТОТЕНХЕМ - РБ ЛАПЦИЈГ 0:1 (0:0)
/Вернер 58'/