Бергамо синоќа беше полупразен бидејќи една третина, па и повеќе од жителите фатија пат за Милано. Овој град има 120.000 жители, а над 45.000 беа на Сан Сиро.
Таму синоќа Аталанта испиша историја бидејќи за прв пат заигра на еден осминафинален меч од ЛШ. И старо и младо, сите патишна синоќа водеа на стадионот каде играат Интер и Милан, бидејќи нивниот не ги исполнува условите.
Меѓу нив беше и едно дете кое татко му реши да го ослободи од часови на свој начин. Класната ако е човек, треба да разбере.
Писмото оди вака:
Да ве информирам дека денеска попладне Едоардо ќе биде отсутен порари историско културолошки причини.
Ќе присуствува со татко му на нова страница за историјата на Бергамо.
НАПРЕД АТАЛАНТА!
Оправданието го поддржа и градоначалникот на Бергамо.
#AtalantaValencia, ci siamo! #GoAtalantaGo pic.twitter.com/XcUFCCECdJ
— Giorgio Gori (@giorgio_gori) February 19, 2020
Интересно е тоа што стадионот на Бергамо има капацитет од 21.300 седишта, што значи синоќа на Сан Сиро имало повеќе од дупло навивачи од тоа што ги собира дома.