Offside

Новак Ѓоковиќ сакал да сними документарец за себе од 2017-та, уште пред да стане најголем и пред да ги прати во пензија сите свои најголеми ривали. Тој и неговата екипа долго не можеле да најдат кому да го доверат проектот се додека во 2020-та Новак не го изгледал врвниот документарец „Последниот танц“ за Мајкл Џордан и славниот Чикаго Булс.

Врвно видео за доминацијата на Ливерпул сезонава

На 12 меча имаат само едно реми на Олд Трафорд, а сè друго победија. Веќе се на +8 од Лестер и Челси, а на +9 од Сити. Во еден прејак видео приказ, тоа изгледа вака.

Најјакиот фудбалски терен во Македонија се наоѓа во село Сенокос

Единственото игралиште на планетава каде за да изведеш корнер треба да припазиш како да си на пешачки, се наоѓа кај нас, да кај нас или поточно во близина на Прилеп. Ајде добро, можеби не е единствено, иако ние мислиме дека е.

Ако ви фалат луѓе за гостување, имаме кукли да врзете

Цвејген Каназава, јапонски клуб чии навивачи никако не можеле да наполнат автобус за гостување на страна. И што да прават, решиле да врзат кукли, за да изгледаат повеќе на трибина.

Најинтересна забавена снимка на колото во НБА

Бостон Селтикс после првиот пораз на стартот од новата сезона во НБА, нанижаа неверојатни 10 победи по ред. Синоќа изгубија за „пола кош“ во Сакраменто 100:99, а милиметри ги делеа од продолжување на лудата серија. Маркус Смарт во последна секунда влезе на положување за победа и...

Како велшките навивачи го бодрат капитенот Бејл

Репрезентацијата на Велс утре вечер на домашен терен игра директен дуел против Словачка за пласман на Европско 2020 година. Кој победи оди на големиот турнир. Во меѓувреме, навивачите на Велс во Азербејџан се спрдаваа со односот на Бејл со Реал Мадрид каде најчесто игра голф и не тренира со првиот тим.

Циркусот со прскалката на новиот стадион во Албанија

Толисо после осум минути игра, а Гризман после триесет и една минута дадоа по гол за победа на Франција против Албанија во квалификациите за Евро 2020. Мечот се играше на новиот модерен стадион во Тирана „Арена Комбетаре“, кој синоќа го имаше свеченото отворање. За изградбата е вложено 60 милиони евра, ама некои од луѓето задолжени за прскалките ја упрска премиерата.

Во Свазиленд на квалификациски меч времето се поремети

Свазиленд и Сенегал играа квалификациски натпревар во Купот на Африкански нации на лудо време. Прво се спои небо и земја и не можеше човек да држи рамнотежа на таков ветер, не па топка, а потоа се отвори како за пикник на 1 мај.

Роналдо му украде гол на Жота

Португалците ризикуваа во последното коло против Луксембург на гости да останат без пласман на Евро 2020, затоа што домаќините имаа неколку сериозни шанси за гол при резултат 0-0 и 0-1. На крај Роналдо со себичен потег го реши мечот.

Дојди на два пати да се пробаш со батко ти Рашфорд

Селекцијата на Косово помина далеку полошо дома, отколку на гостувањето во Англија. Таму 4:3, дома 0:4. а најмногу во игра еден на еден го окрка овој дефанзивец во дуел со Рашфорд.

Бруталност на партизановата трибина

Во втората четвртина од дербито на 7. коло во АБА лигата меѓу Партизан и Црвена звезда, на делот каде што седеше една од трите фракции навивачи на Партизан дојде до страотна тепачка. Полицијата интервенираше со задоцнување и на крај хаосот заврши после неколку минути.

Абе ти џандар да не си? Играч е тој ало

Сценава на синоќешниот меч меѓу Израел и Полска е настварна. Влетува падобранец на терен, полицаец се стрчува да го фати и место него, му влегува на полскиот дефанзивец Томаш Кедзора. На крајот несреќник е и тој и фудбалерот, бидејќи и двајцата лежеа повредени на терен. Левандовски куртули, а за малку и него ќе му клизнеше. Оф мори мајко, каква циркузијада е ова.

Селски фудбал, босанска верзија

Прво калта ја штопна топката, односно ја одбрани да не влезе во гол, потоа го имаше она “вратена до голман“, па судијата досуди индиректен удар и на крај сите на гол и општ хаос.

Ќе фрчеа Шаќири наслови за малку

Енис Барди вечерва за влакно не стана вториот македонскиот репрезентативец во историјата со гол директно од корнер. Артим Шаќири и даде на Англија во Саутемптон во 2002-ра, а на Дејвид Симан не знаеше што му се случува. Слична велемајсторија за малку не реализираше и членот на Леванте. Штета.

Австрија оди на ЕП 2020, Македонија нека се спрема за Косово

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи сензација на тешкото гостување на стадионот Ернст Хапел во Виена, но со оглед на тоа колку многу звучи имиња немаше во комбинација за прв состав, поразот воопшто не е катастрофален како што беше во Скопје.

Или ти си пиел или кабинерот, нема трет

Белгија со 1-4 ја совлада Русија и убедливо го освои првото место во групата. И двете селекции се пласираа на Европско 2020, па вечерва играа за свој мерак. Браќата Азар и Лукаку ги дадоа головите за Белгијците, ама момент на мечот беше кога стоперот Бојата влезе во игра и носеше дрес од шпицот Батчуаји.

Мајсторот што ја дувна во публика и скрши рефлектор

Голманот на Бриден во англиската пониска дивизија, против Нунеатон зема да изведува пенал. И како да ви кажеме

Сан Марино даде гол после 803 дена, се радуваа како луди

Репрезентацијата на Сан Марино изгуби дома од Казахстан 1:3 во квалификациите за ЕП2020, а стрелец на голот за домаќините беше Филипо Берарди. Тој стана 16-от играч во историјата на оваа селекција којшто дал гол. Сан Марино последен пат постигна гол на 4. септември 2017 година против Азербејџан (1:4).

Македонски навивачи ја запоседнаа Виена

Не може да помине спортски натпревар на Македонија без наши навивачи, без разлика каде се игра и какви се шансите за пласман на Европско. Нашите се свесни дека овие квалификации се речиси загубени, но фалангата се собра регионално и растури со песни пред стадион.

Дебакл на Вардар во Полска, Кјелце посилен за 10 гола

Ракометарите на Вардар го претрпеа и третиот пораз сезонава во Лига на шампиони. Очајната одбрана беше причина за убедливиот пораз 35-25 (17-14).

Жељко во најјако издание од кога и да е

Најтрофејниот европски тренер и еден од најголемите кошаркарски стратези на сите времиња, Жељко Обрадовиќ на мечот ЦСКА - Фенербахче буквално полуде. Жоц и другпат имал брутални агресии, ама овојпат во Москва беше пуштен на најјако.

Финска не спиеше, слават историски прв пласман на Европско

Тоа за што сонуваме ние 25 години, синоќа и се оствари на Финска која за прв пат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување. 

Италија меле, Манчини направи ренесанса со млади непознати играчи

Италијанскиот селектор Роберто Манчини беше човекот кој ја направи потребната смена на генерација и тоа му донесе фантастичен резултат. Растурија во квалификациите и најавуваат поход на злато со фудбалери кои се полу-анонимни за светски рамки.

Профил на хулиган според балкански критериуми

Ова со Најк не сме баш сигурни, а можеле да додадат дека тренерката во фармерки ја бута. Инаку има и некои кои се на лесни дроги, трети само на алкохол и да, има и средно кои не можат да завршат.