Кога ќе го праша некој Силвио Фасоне, чија генерација си ти бе деде? Тој може вака да одговори: „Па види, постар сум од Рома 7 години, а генерација сум со Каљари и Сасуоло, бидејќи и тие се мое годиште 1920-та“.
Се работи за навивач на Јувентус, можеби најстар, а сигурно меѓу најстарите бидејќи фукна 100-ка.
На фотографијата не гледаме ни бастум, ни количка, туку дрес на Јуве. Го доби како подарок од клубот и не го носи седнат дома на фотеља, туку царот е на трибина меѓу навивачите.
Остај ти муабетите стар сум, не можам да одам, галама ќе биде или нема да ја издржам цела. Царот е на лице место на мечот Јувентус – Бреша кој се играше минатиот викенд.
Кај него пресудна била желбата големиот јубилеј да го прослави на стадион каде оди од дете.
Кој знае што приказни има кај Дон Силвио кој ги фатил сите трофеи во богатата историја на клубот со исклучок на првото Скудето кое Јуве го освои во 1905-та. На второто имал 6 години.
Покрај времето со Платини, Силвио го памети и Фабио Капело како играч, кој направи трансфер од Рома во Јуве во 1970-та, но знае и многу порано од тие времиња.
Celebrating 100 years of ⚪️⚫️ passion with three points 👏👏👏
— JuventusFC (@juventusfcen) February 16, 2020
Juve fan, Silvio Fasson enjoys a very special birthday today! 🎂#JuveBrescia #ForzaJuve pic.twitter.com/hZrm7LVyXI