На загревање пред мечот меѓу Сасуоло и Парма, Корнелиус му го расипа задоволство на еден навивач кој се освежуваше со чаша пиво. Му го бутна со топка, несакајќи се разбира.
Тоа камерите го забележаа, а на играчот му дојде одлична идеја како да му се реваншира. Го вика да одат на пиво, со тоа што он ќе пиел сок од јаболко.
Убав гест и извинување на Данецот.
„Здраво, тука е човекот кој те удри за време на загревањето против Сасуоло. Пред сè извини и секако ќе ти го вратам пивото. Може да се најдеме некаде на пијачка. Се разбира јас ќе пијам сок од јаболко, а ти можеш да пиеш пиво“.
Tifoso crociato che eri sugli spalti durante #SassuoloParma, e che prima della gara... ⚽🍺🤦🏻
— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) February 18, 2020
Andreas #Cornelius ha un messaggio per te! 📹⤵#NextchApter #ForzaParma pic.twitter.com/Kcgff2Ooi7
Инаку Корнелиус е член на Аталанта, а во Парма замина минатото лето на позајмица во ист ден со Кулушевски.