БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ПСЖ (21.00)
И двајцата тренери ја почнаа сезоната со едни замисли, ама успешно ја менуваа формацијата во текот на сезоната. Ова е најинтригантен пар во 1/8 финале на ЛШ и тренерите со ситни детали и промени на формациите би можеле и те како да влијаат на резултатот.
Лусиен Фавр ја почна сезоната со омилената 4-2-3-1 формација која му помогна во супер изданијата против Баерн Минхен во Суперкупот на Германија и против Барса (0:0 но со 100 шанси) во Лига на шампиони.
Проблемите се јавија во натпревари од друг тип - против екипи од Бундеслига кои играат затворено. Борусија почна да губи многу бодови, Фавр беше на работ да добие отказ, но на крајот од ноември ја смени формацијата во 3-4-2-1 и ја спаси сезоната.
Дортмунд откако ја прешалта шемата освои 22 бода на 10 меча со гол разлика 37:14 (+23). Постигнаа најмногу голови од сите во Бундес.
Сега во 1/8 финале на ЛШ тимот ќе има сосема други задачи зошто од друга страна ги чека ривал кој не знае за доста кога се головите во прашање.
Томас Тухел, германскиот тренер кој се прослави токму во Борусија Дортмунд со која освојуваше трофеи, ја започна сезонава во формација 4-3-3 без повредениот Нејмар. Баш во оваа формација Пари Сен Жермен го одигра најдобриот меч сезонава кога со 3:0 го декласираше Реал Мадрид во Париз.
Во сјајна голгетерска форма влегоа Мауро Икарди и Анхел Ди Марија, па по враќањето на Нејмар Тухел мораше да смислува нова варијанта.
Во еден момент се реши за 4-2-2-2 (па дури и 4-2-4). Минусот на оваа формација е очигледен зошто ѕверски многу се отворени во средниот ред и нема спас ако противникот тргне во контра при загубен посед. Ама плус е слободата во нападот на неверојатните суперѕвезди кои уживаат во слободната улога.
Но по испуштената предност од 0:2 против Реал на „Бернабеу“ во групната фаза, Томас Тухел рече:
„Просто невозможно е истовремено да се користи целата напаѓачка четворка во тимот. Зошто? Прашајте ги Верати и Маркињос дали им се допаѓа да трчаат двајца за цел среден ред. Мислам дека за игра на такво ниво, оваа формација (4-2-4) нема рамнотежа“.
Но Тухел дури и после јавните поплаки продолжи да ја користи истата формација. Веројатно нивото на квалитето на француската Лига 1 му дозволува да игра така.
За очекување е денес во Дортмунд од старт да играат Мбапе, Нејмар, Икарди и Ди Марија, барем според најавите. Што се однесува до Дортмунд, таму стандардно во нападот Санчо, Азар и норвешкото чудо Холанд кој се истури од голови на последните 5 натпревари во кои најчесто влегуваше од клупата за резерви.
АТЛЕТИКО МАДРИД - ЛИВЕРПУЛ (21.00)
Две можеби најголеми аномалии сезонава во Топ5 лигите. Ливерпул игра лудачки и има 25-1-0 учинок во Премиер лигата. Од друга страна Атлетико цела сезона има полна амбуланта повредени играчи и игра многу нервозно. „Јорганџиите“ паднаа баш на табелата и испаднаа од трката за титула.
Верувале или не Атлетико Мадрид ја има најлошата реализација во цела шпанска Ла Лига (минатата сезона ова беше најсилна страна на тимот на Диего Симеоне).
Ливерпул првпат сезонава се наоѓа на испит пред каков не бил во Премиер лига. Во рамките на својата филозофија играат беспрекорно, но за разлика од тимовите во Премиер, екипата на Чоло Симеоне одлично го покрива теренот без топка и се справува со крилата на противникот.
Атлетико не дава, ама и не прима голови. Сезонава прими само 8 гола од игра што е најмалку од сите Топ лиги во Европа. Можеше да примат и уште помалку да не беше слабата форма на Јан Облак. Словенецот сезонава прими дури 6 гола со удари надвор од неговиот шеснаесетник и тоа е најлош резултат во цела Ла Лига.
Ливерпул во последните пар сезони игра одлично против ниски одбрани, но против најдобрите ниски одбрани не играл уште. Од тој аспект не очекува многу неизвесен меч без разлика што „Црвените“ мелат се пред себе и не знаат за доста.
Што се однесува до составите, Клоп може да смета на сите најдобри фудбалери. И на Фирмино и на Салах и на Мане и на Ван Дајк.
Чоло мака мачи со повредени фудбалери. Ги нема Мората, Диего Симеоне и уште најмалку 5 стандардни фудбалери. Во нападот најверојатно ќе играат крилните напаѓачи Витоло и Кореа со Саул, Коке и Диего Љоренте зад нив.