Тој е толку малерозен со повреди, што некој може да заборави и дека постои на Олд Трафорд. Зборуваме за стоперот на Јунајтед, Ерик Баји кој синоќа го имаше првиот настап сезонава.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска беше отсутен 10 месеци, а против Челси одигра како ништо да не му било.
HUGE performance from @EricBailly24 tonight 🔥#MUFC pic.twitter.com/j2SnGwCdnD
— Manchester United (@ManUtd) February 17, 2020
Манчестер славеше 0:2 со головите на Марсијал и Мегваер, во финишот дебитираше новото засилување Одион Игало, а импресивен настап во одбрана имаше Баји од кои се вртат следниве два потега.
Му клизна на Ковачиќ во стилот на Алесандро Неста и веројатно спаси чист гол.
А на Батшујаи не само што му ја зема, туку и го измрда за сите пари и ја расчисти опасноста без рогање.
Инаку Ерик Баји е првото засилување на Манчестер Јунајтед кога Жозе Мурињо им беше тренер, а потпиша во јуни 2016-та за 30 милиони фунти.
„Одигра фантастичен натпревар и покажа дека се работи за врвен дефанзивец. Брз е, моќен и борбен, така што среќни сме што ни се врати“, рече Оле Гунар Солскјер.
Инаку синоќа на Стемфорд Бриџ историја испиша Игало, бидејќи стана првиот Нигериец што заиграл за Манчестер Јунајтед.
200 - Odion Ighalo is the 200th player to make an appearance for @ManUtd in the @premierleague, and is the first Nigerian to do so. Cinematic. #CHEMUN pic.twitter.com/n5j9W2R7nf
— OptaJoe (@OptaJoe) February 17, 2020
Во Премиер лига за четврто место е жустро, бидејќи деветтиот заостанува само 5 бода, а Јунајтед сега му е на -3 на Челси.