А во подтрибинскиот простор на новиот стадион на Тотенхем Лондонците подготвиле и покажале право гостопримство. Гостите ги чекал банер со голем грб на РБ Лајпциг и со натпис:
„Добродојдовте! Фала ви што поминавте 1.025 километри за да ја поминете оваа вечер со нас“.
Од германскиот клуб биле воодушевени и одговориле од официјалниот налог на Твитер: „Фала ви“
🔝 Thanks, @SpursOfficial 🙏🏻 #SPURSRBL #UCL pic.twitter.com/uw7OnvzVUo
— RB Leipzig (@DieRotenBullen) February 19, 2020
Интересно, некои играчи на Лајпциг играа со обоено лого на дресот, а некои не
Единствениот гол на мечот го даде Тимо Вернер во 58’ минута од пенал. Реваншот РБ Лајпциг - Тотенхем се игра на 10. март.