Барса, засилувањево ако игра ко што жонглира, свршивте работа

По долги натегања, Барселона конечно го искористи чудното правило на шпанската фудбалска федерација, еден тим кој има играч повреден повеќе од 5 месеци, да може да купи друг играч надвор од зимскиот преоден рок. Се решија за Мартин Брајтвајт, Данец, кој дојде од Леганес за 18 милиони евра. Ама не се прослави на промоцијата.

Шегата на страна, Брајтвајт досега сезонава беше најдобар стрелец на Леганес, екипа која се бори за опстанок. За Каталонците ќе може да игра само во Ла Лига, не и во Лига на шампиони. Прилика за деби ќе има на „Камп Ноу“ во сабота од 16 против Еибар.

21 февруари 2020 - 10:30