По 167 натпревари за клубот во кој со голем успех играше од 2013-та година, Португалецот Даниел Карико и официјално се збогува со тимот од Андалузија. Ова го соопшти Севиља која му се заблагодари на својот фудбалер со објава „Gracias Comandante“ (Фала ти команданте).
🚨 Agreement with Wuhan Zall FC, of China, for the sale of @D_Carrico.
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) February 20, 2020
Thank you for everything, captain!!! 🙌👏#vamosmiSevilla #WeareSevilla pic.twitter.com/9VJCXDKMKd
Даниел Карико беше стандарден првотимец во Севиља до доаѓањето на тренерот Хулен Лопетеги кој не му даваше шанса, пред се поради ситните повреди и слабата форма во која западна бекот.
И сега, Карико одбра нова средина која не може да се проследи рамнодушно.
Потпишал договор со Вухан Зал, екипа од кинеската Супер Лига која доаѓа од градот извор на коронавирусот, Вухан - индустрискиот милионски град во кој како последици од новиот вирус починаа илјадници луѓе, а уште илјадници се хоспитализирани во карантини.
Но Карико секако дека ја проценил ситуацијата. Прво кинеската фудбалска федерација, а и сите други спортски сојузи во оваа земја, ги стопираа првенствата на неопределено време додека трае епидемијата на коронавирусот.
Во меѓувреме, Вухан и другите кинески клубови се на подготовки далеку од градот, претежно во Европа. Новиот тим на Карико веќе речиси еден месец се подготвува и тренира во Малага, во Андалузија.
Португалецот изјавил дека се чувствува сигурен затоа што екипата нема да се враќа во Вухан додека трае епидемијата, а притоа добил и сериозно богата понуда која ниеден клуб во Европа не бил спремен да му ја понуди.
Интересно, во Вухан Карико ќе игра кај шпанскиот тренер Хозе Гонзалес а соиграч ќе му биде Лео Баптисао, напаѓач од Бразил кој играше за Рајо Ваљекано, Атлетико Мадрид, Бетис, Виљареал и Еспањол во минатото.