Инаку Тајсон Фјури зад себе ќе има илјадници свои навивачи кои од Англија одат да го бодрат каде и да боксува. Така беше и лани во Лас Вегас кога првиот дуел со Вајлдер заврши нерешено.
И Американецот и Англичанецот не знаат за пораз во своите кариери, а во недела рано на сабајле по Средноевроспко време ќе боксуваат за појасот и титулата во WBC кој во моментов му припаѓа на Вајлдер.
💥 Deontay Wilder and Tyson Fury clash at their press conference, exchanging shoves as it all kicks off in the face-off…
— Michael Benson (@MichaelBensonn) February 19, 2020
[📽️ @PremierBoxing / @TRBoxing] pic.twitter.com/qY7W0HQj9n
Интересно, Фјури (31) во разговор со медиумите пред неколку недели, раскажал дека во својот тренинг логор тој мастурбира по 7 пати дневно со цел да го подигне нивото на тестостерон и да ја зајакне десната рака. Кажал и дека практикува орален секс за да ја зацврстел вилицата пред борбата на неговата кариера.
Од друга страна, Вајлдер (34) е фаворит според букмејкерите и за негова победа коефицентот се движи меѓу 1.89-1.95 а за триумф на Фјури коефицентот е 2.10 па нагоре.