На февруарското рангирање Македонија е на 68-ма позиција, исто како што ја заврши 2019-та, а нашиот противник во плејофот од Лига на нации е 115-ти.
Подобрувањето на рангот на ФИФА, нека биде само мотивација плус против Косово на кој треба да му покажеме дека сме подобра и поквалитетна репрезентација.
Што се однесува до земјите од другото полуфинале со кои вкрстуваме, Белорусија е 87-ма, а Грузија 91-ва фудбалска земја во светот.
Нема промени ниту на врвот каде и натаму е Белгија, а по неа следуваат. Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
Мечот меѓу Македонија и Косово се игра на 26 март на Градски.