Offside

ФИФА синоќа најави 3Д технологија во фудбалот со помош на вештачка интелигенција и тоа на Светското ова лето. И тоа се нормални вести за ова време. Да се вратиме малку во црнобелиот свет, поточно во 19 век, кога сè почнало од една иницијатива на касиерка.

Мајсторија на Арда Ѓулер крена цел стадион на нозе

Реал Мадрид го совлада Јувентус минимално со 1-0 во осминафинале на СКП и оди во следна фаза. Единствениот гол на мечот го даде младото откровение на летото во Реал Гонзало Гарсија. А одличен натпревар имаше и Арда Ѓулер.

Малиот Раул, новото дете на Реал го урна Јувентус

Новиот тренер на Реал Мадрид Чаби Алонсо изненадно и неочекувано летово доби засилување од своите редови, од школата на „кралскиот клуб“. 21-годишниот Гонзало Гарсија летово веќе запиша 5 настапи за првиот тим на Реал и има 3 гола и 1 асистенцие. Благодарение на него „кралевите“ одат во четвртфинале на Светско клупско првенство откако со 1-0 го совладаа Јувентус со гол токму на младиот Шпанец.

Како во Бразил? Супер, бевме со Адриано на пиво

Италијански туристи одат во посета на Рио и од цел град и сите барови, налетуваат баш на поранешната ѕвезда на Интер, кој со песна ги примил.

Учиме странски со фудбалерите на ПСЖ

Грузиецот Хвича Кваратцхелија и Русинот Матвеј Сафонов, европски шампиони со ПСЖ, ги учат навивачите по некој збор на нивните јазици.

Новак објаснува што ги краси Федерер и Надал и со кого има слични карактеристики?

Во третата сезона од емисијата „(Не)успјех првака“, во која за водител е поставен Славен Билиќ, последен гостин е Новак Ѓоковиќ, кој зборува на повеќе теми. Вели дека тенисот повеќе не му е приоритет до толку многу, колку што му бил претходно и дека сака да се посвети и на приватниот живот.

Поенот на денот е на Фоњини против Алкараз

Kарлос Aлкараз, неочекувано, дури во 5 сета го елиминираше 16 години повозрасниот од него, Фабио Фоњини, кој е генерација со Ѓоковиќ. Италијанецот го изнамачи фаворитот и го одигра поен на денот.

Кој губи има право да се лути

Триесет годишната Московјанка Јулија Путинцева која игра под знамето на Казахстан веќе неколку години, доживеа дебакл на отворање на Вимблдон 2025. Таа изгуби 0:6, 0:6 од Аманда Анисимова во дуел кој траел 44 минути. Пред крајот кога видела дека доживува тежок срам, Путинцева се расплакала и покажала со прст кон некој маж во публика, побарала од обезбедувањето да го отстрани од трибините „да не случајно има нож во него“.

Сергеј мајсторе, што е со пасов?

Сергеј Милинковиќ Савиќ е мозок и тоа е многу добро познато од Серија А и извонредните партии во дресот на Лацио. Погледнете му го додавањево против Манчестер Сити. Штета за финишот.

На Вимблдон падна рекорд со сервис брз 246 км, Фриц го врати

Французинот, Џовани Мпеши Перикар, постави нов рекорд во историјата на Вимблдон, откако сервираше со брзина од 246 км на час. И тоа уште во третиот поен од мечот. Тејлор Фриц, не само што го врати ударот, туку му го зема и поенот. Инаку претходниот рекорд изнесуваше 238 км, а го држеше Тејлор Дент од 2010 година.

Срби од кафана му дофрлаат на Меџик Џонсон

Меџик е голем човек, од прва им ја прифати шегата.

Слободен удар од НБА играч висок 2.20

Големата НБА ѕвезда Виктор Вембанјама покажува голем мерак за фудбал последниве недели па откако е на одмор и користи слободни денови од напорната сезона, сè повеќе игра фудбал. Сега изведувал слободен удар.

Флуминенсе го елиминира Интер па го мајтапеше

Официјалниот профил на бразилскиот клуб Флуминенсе кој со 2:0 го совлада Интер во осминафиналето и го исфрли од Светско клупско првенство, ги поставил двата гола со култната италијанска песна Sara' perche' ti amo.

Ал Хилал го шокираше фудбалскиот свет - го исфрли Манчестер Сити

Синоќа на Светското клупско првенство шампионот на Саудиска Арабија Ал Хилал кој од клупа го предводи Симоне Инзаги, направи големо изненадување откако го урна големиот Манчестер Сити и со триумф 4:3 го елиминираше од турнирот. Испадна и Интер.

Колер vs Лам, како средношколец против забаваче

Налетавме на видео од редок дуел во фудбалот. Јан Колер против Филип Лам. Чехот беше стап во напад, 202 см, а германскиот бек 170 см. Смешки.

Леброн Џејмс и госпоѓа Роза

Во секој можен спортски објект, има задолжени луѓе за одржување хигиена кои секогаш се во сенка. Леброн Џејмс ја испочитува и прослави онаа која се грижи за Крипто арената.

Во Германија откритие на сезоната е двометраш за кого Баерн дава 60+ милиони евра

Кого обично го нарекуваат нов Меси? Досега стотина таленти, претежно од Јужна Америка. И тој треба да биде со раст до 170 см, да биде страшен дриблер, техничар и да прави дар-мар со лева нога. А што им текнало во Германија двометраш да викаат новиот Меси?!

Најголемиот кошаркарски пресврт некогаш виден во финале

2 минути и 40 секунди до крај: Шпанија - Белгија 65:53. Конечен резултат: 65:67 или серија од 14:0. Гледаме и не ни се верува. И тоа зборуваме за финале на Европско првенство, кое кошаркарките на Белгија го освојуваат два пати по ред. Луда работа е ова. Скроз на скроз. Ко финалето од ЛШ 1999, Манчестер - Баерн.

Чиро Блажевиќ: Спортистите градат мостови, а примитивците ги рушат

Балканот две и кусур години е без една од најголемите тренерски легенди. Тоа е незаменливиот Чиро. За него имаше приказни, приказни и приказни. Еднаш кажа колку многу бил воодушевен од еден гест на Србите.

Јирген Клоп за Светското клупско: „Најбесмислена работа во историјата на фудбалот“

Во опширно интервју за германски Die Welt, некогашниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул опширно зборувал на неколку теми. Го прашале и за актуелното СКП.

Во Кина одат на фудбал со роботи

Колку што фудбалската репрезентација на Кина не им носи радости на тамошните навивачи со бледите резултати, толку е голем интересот за фудбал со вештачка интелегенција. Играат роботи, 3 на 3 на терен со вештачка трева. Во Пекинг се играат Светски игри на хуманоидни роботи а турнирот во фудбал им е најинтересен и најпосетен.

Клоп: „За 23 години не бев ни на една свадба, сега на 2 за четири месеци“

Германскиот тренерски великан Јирген Клоп направи револуција и ренесанса во Ливерпул на кого му ја врати старата слава. Освои еден куп шампионски трофеи и признанија и на крај реши да замине.

25 години од најхрабриот пенал во кариерата на Тоти

Кој би рекол дека некој ќе има муда, на ваков начин да шутне пенал во полуфинале на Европско? Франческо Тоти тоа го направи против Холандија на ЕП 2000, после 0:0 во регуларниот дел. Храброста се исплатеше, Италија се пласираше во финале. И како од тогаш да се популаризираше паненката.

1 милион празни седишта на ФИФА Светско клупско првенство

ФИФА и УЕФА упорно и упорно ги игнорираат апелите од фудбалерите и тренерите дека календарот е страшно многу пренатрупан и дека овој товар нема да може уште долго да го издржат.