Двата тима пак се сретнале во големото финале на Кралскиот Куп на Шпанија, на 5-ти мај 1984-та година на „Сантијаго Бернабеу“ Атлетик Билбао пак победил, овојпат 1-0 со гол на Ендика Гуарочена во првиот дел. Но после мечот избила права војна.
Од септември 1983-та двата тима постојано си разменувале навреди и меѓусебни омаловажувања. Сè кулминирало со финалната битка на теренот на мадридскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“.
Во деновите кои претходеле на финалето, имало медијски испади па тренерот на Атлетик Билбао Хавиер Клементе го нарекол Марадона „целосен имбецил“.
Аргентинецот одговорил дека тренерот на Баскијците не би се усудил да го нарече така ако го сретне на улица. И покрај сите повици за смирување на страстите и гаснење пожар, тепачката како да била неизбежна.
Фудбалерите на Атлетик Билбао скоро цел натпревар им оделе грубо на ривалите, а посебно на Диего Марадона. Фаулирале грубо, провоцирале и предизвикале голема тензија.
Избила голема тепачка во која најголема улога имал токму славниот Аргентинец Диего Марадона.
Целата брука ја сведочел лично кралот Хуан Карлос и високи званици на трибините. Инцидентот предизвикал бурни реакции во шпанската јавност па и поради други проблеми надвор од теренот, Барселона била принудена да го продаде во Наполи каде Марадона испиша златна историја.
Шпанската фудбалска федерација казнила неколку играчи со повеќемесечни суспензии а Диего Марадона добил 3 месеци забрана да игра фудбал.
It’s 42 years since Diego Maradona morphed into the Karate Kid, ironed out the Bilbao keeper, and caused a riot during the Copa Del Rey final.
— A Funny Old Game (@sid_lambert) May 5, 2026
Bring yer dinner. pic.twitter.com/WXglR1cO7h