Бајката на Лукас Подолски крунисана со трофеј

Легендарниот Лукас Подолски ќе се оди во пензија со најдрагоцениот пехар освоен на самиот крај од кариерата. Неговиот Гурник го победи Раков со 2-0 во финалето на Купот на Полска и стави крај на „сушата“ која траеше цели 54 години! Еден од најтрофејните полски клубови не освоил титула во најмасовното национално натпреварување речиси пет и пол децении, а чека каков било трофеј уште од далечнаа 1988-ма.

Некогашниот германски репрезентативец се врати во својата татковина и од 2021 година игра за клубот од градот Забже, само 10 километри од Гливице, каде што е роден. Со број 10 на дресот тој често потсетуваше на најдобрите денови од својата кариера.

На своето доаѓање пред пет години Подолски даде збор дека ќе освојат трофеј и ќе ја прекинат децениската суша.

„Кога дојдов тука, реков дека за три до пет години ќе имаме нешто во нашите раце. Но, тоа да се случи во мојата е***а последна сезона... Неверојатно е! Купот е наш!“, рече 40-годишниот Лукаш Подолски додека навивачите го прославуваа освоениот пехар во Купот.

Интересно некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, Интер и Арсенал неодамна купил и 8% од акциите на клубот Гурник Забже кој го оствари сонот на навивачите и ќе игра во квалификации за Лига Европа како победник на Купот на Полска. Им претстои забавно лето на навивачите на овој клуб од југот на Полска.

 

 

4 мај 2026 - 13:58