Како се сака клубот и кога се бори за опстанок

Шпанците се светски познати по големата страст за фудбал, а посебно оние во Андалузија. На натпреварите на Бетис и Севиља секогаш се полни стадионите, редовно се продаваат сите сезонски карти пред нова сезона. Без разлика на резултатите и кој е горе а кој долу на табела, трибините грмат.

Севиља веќе неколку сезони по ред не е тоа што беше, редовен освојувач на Лига Европа и учесник на Лига на шампиони. Паднати се и сезонава се борат за гол опстанок во шпанска Примера.

Капитенот Немања Гудељ од клупски автобус им се обрати на навивачите во неделата и им ветил дека ќе направат сè да излезат од оваа ситуација.

После 34 кола Севиља има 10 победи, 7 нерешени и дури 17 порази. Со 37 бода е само бод над цртата која води во втора лига. Таму се Алавес со 36 бода, Леванте со 33 и испаднатиот и прежаен Овиедо.

Севиља синоќа славеше злато вредна победа 1-0 против Реал Сосиедад со голот на Алексис Санчез во 50' минута. Погледнете ја атмосферата на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“:

5 мај 2026 - 09:46