Сити киксна, Доку извади бод со две прејаки мајстории

Премиер лига дефинитивно ќе има драматична завршница, можеби првпат после долги години. Арсенал е прв со 76 бода, Манчестер Сити е втор со 71 бод но и натпревар помалку. Екипата на Пеп Гвардиола синоќа киксна кај Евертон на гости, одигра само 3-3 но ако се знае дека израмнија во длабоко судиско продолжение, резултатот и е добар по нив.

Во 35. коло, Сити влезе со 6 бода помалку од Арсенал и евентуален триумф кај Евертон ќе ја намалеше бодовната разлика на -3. Но домаќините не размислуваа така.

Иако тимот на Пеп Гвардиола поведе прв после голема офанзива, со сјајниот гол на Жереми Доку во 43' минута на истек на првиот дел, „карамелите“ не се предаваа.

Израмнија во 68-ма минута преку Тиерно Бари а набрзо со головите на Џејк Обрајан во 73-та и втор гол на Бари во 81-ва водеа со неверојатни 3-1.

Навивачите на Арсенал тогаш почнаа да слават, но по којзнае кој пат сезонава Манчестер Сити покажа дека не се предава. Ерлинг Халанд во 83-та минута намали на 3-2 а Белгиецот Жереми Доку со уште еден велелепен гол од далечина израмни на 3-3 во 90+7' минута.

Standings provided by Sofascore

 

5 мај 2026 - 09:20