Минесота Тимбервулвс продолжува да ја воодушевува јавноста па откако ги „намачкаа“ Нагетс со кои на два натпревари во серијата играа без тројца главни играчи, сега го совладаа и фаворитот Сан Антонио.
Клучен играч беше лидерот на Тимбервулвс Ентони Едвардс кој конечно се врати од повреда на коленото, почна од клупата како резерва но во текот на дуелот уфрли 18 поени од кои дури 11 во последниот период кога се кршеше резултатот.
Џулиус Рендл повторно покажа дека игра во животна форма откако уфрли 21 поен со 10 скока, а Теренс Шенон Џуниор додаде 16 поени. Мајкл Конли изненади на овој натпревар откако одигра важна улога со четири тројки (12 поени) и шест асистенции.
Од друга страна кај Сан Антонио Спарс, историја испиша Виктор Вембенјама кој имаше трипл-дабл учинок со 11 поени, 15 скока и дури 12 поделени блокади! Ова е нов рекорд во доигрувањето за титулата во НБА лигата.
Но одбраната на Минесота Тимбервулвс беше гранитна па често го принудуваа Вембанјама да шутира нерезонски што резултираше со само 5 погодени шута од 17 обиди и 0/8 за три.
The Spurs had a chance to win in the final seconds 😯 pic.twitter.com/f8cJGp3Ho6
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 5, 2026