Offside

По двата гола на Меси, Мбапе и Халанд, Кристијано Роналдо ја продолжи низата наречена „два комада“ во второто коло од Мундијалот. Узбекистан беше лесен залак кој капитулираше пред поранешниот европски првак со 5:0. Нуно Мендеш даде гол од слободен, стрелаше и Леао, а имаше и автогол.

Лука Дончиќ го скроти дрим-тимот на Бруклин

Бруклин Нетс од „нигде-никаде“ среде сезона направи страшен состав кој треба да конкурира за титулата. Кевин Дурент, Блејк Грифин, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден ќе го напаѓаат пехарот, ама како стојат работите формата им е во надолна линија. Далас Мавс им го нанесе четвртиот пораз во низа 113-109.

Новак Ѓоковиќ на експедиција во босанските пирамиди

Најдобиот светски тенисер по трет пат го посети култното место во Босна и Херцеговина. Претходно таму беше со родителите и сопругата а сега ги понел и децата. Водич му беше познатиот Семир Османагиќ.

Мароканец принудно стави голмански ракавици и стана суперхерој

Луда работа е ова што се случи во Мароко. Ќе изгледаш и ќе помислиш дека секој може да биде голман, а не е така.

Само во Романија го има ова

И славната фејсбук страница „Селски фудбал“ сигурно ќе се изненади што случкава не се случува во селска лига. Не другари, ова е во првата романска лига и тоа во таборот на второпласираниот Клуж. Синоќа славеа на гости против Академика, ама си заборавија еден играч по име Овидиу Хобан.

Македонија доби елитна група на Европско првенство 2022

Следната 2022-ра, од 14 јануари до 30 јануари ќе се одигра 15-то ракометно Европско првенство. Домаќини ќе бидат Унгарија и Словачка во вкупно 5 сали.

Дуелот во кој Меси го нарани Боатенг со трева

Убаво е кога ќе налета човек на вакви јаки моменти од фудбалскиот времеплов, инаку како би се потсетиле на пример на еден ваков мега дуел меѓу Барселона и Баерн Минхен на кој Меси со еден потег го легна Боатенг на земја, ама буквално. Се случи на денешен ден пред шест години.

Техниката на Хаверц за задржување време

Види го ти мангуп, а ќе речеш мал е, 21 година има. И тоа со Рамос и Крос си поигра.

Сторијата за тоа како Марез играл по снег во Шкотска па избегал од хотел

Најголемиот јунак на полуфиналните дуели во Лига на шампиони, Ријад Марез постигна три гола во двомечот со ПСЖ и го однесе Сити во финале. Неговиот пат до врвот е многу интересен.

20 години од необичниот инцидент на Меаца

На 6 мај 2001-ва, навивачите на Интер ја направија најголемата будалаштина на стадион. Веројатно револтирани од слабата сезона, со сиот памет запалија скутер и го фрлија на трибина. Клубот беше казнет со 30.000 евра и две кола без публика, а за среќа никој не настрада.

Статистиката на Канте против Реал после рамазански пост

Не постои тренер во светот кој не би го посакал ова човече во тим. Европа држи многу јаки играчи во среден ред, ама Н`Голо Канте е нешто посебно. Фасцинантноста кај него е што е ултра корисен и клучен на големите натпревари.

Рајанер му стегна многу јак мајтап на Мурињо

Еден од најјаките твитови на годината го има познатата авиокомпанија Рајанер која му направи толку добар трол на Мурињо, човек да се подзамисли дали стварно ова се они или Troll Football.

Азар се изнасмеа, навивачите на Реал бесни

Во 2019-та дојде во Реал Мадрид и таму го потепаа повреди. Пропушти повеќе од 50 натпревари поради 10 повреди (389 дена беше надвор од терените). Одигра само 40 меча во сите турнири, даде само 7 гола и намести 4. А Реал го плати 100 милиони евра плус бонуси со кои може да стигне до 140 милиони евра.

Чудесна партија на Јокиќ кој постигна 24 поени за една четвртина

Денвер го совлада Њујорк Никс 113:97. Внимавајте добро на резултатот од првата четвртина, заврши 34:12. Никола Јокиќ сам постигна двојно повеќе поени од цел тим на гостите. Слободно може да ја констатираме за најдоминантна четвртина во неговата кариера и една од најдоминантните негови партии во НБА-лигата. 8/9 имаше од поле.

Волеј за учебници

Во четвртфиналето на Купот на Мароко, ФАР Рабат на пенали ја победи трофејната Раџа Казабланка. Претходно мечот заврши 1-1 а израмнување на Рабат му донесе Омар Жерари со пеколен волеј од 35 метри.

Еврогол на вечерта падна во Копа Либертадорес

Во 3. коло од групната фаза на Копа Либертадорес, бразилски Интернасионал со 6-1 ја растури Олимпија од Парагвај. Најубав гол на мечот беше последниот за домаќините во 80' минута. Стрелец Каио Видал.

Челси одржа час по фудбал и се пласираше во големото финале

Откако првиот меч во Мадрид заврши 1:1, вечерва на „Стемфорд Бриџ“, Челси го совлада Реал со 2:0 и заслужено ќе игра во големото финале на Лига на шампиони против Манчестер Сити.

„Он ќе ужива во Лига на шампиони, а девојката лежи во гроб“

Пред да стане шампион на Англија со Челси во Премиер лига 2016/2017, шпанскиот лев бек Маркос Алонсо избегнал затворска казна за убиство без умисла на девојка му.

Дај поништете го, греота е

Мачва Шабац е српски прволигаш кој според реакцијата на голманов малку ќе ве подзамисли дали е стварно прволигаш. Него едно прашање до тие што бараат допуна на шалтер. Можно е да се кладел дека ќе биде прв стрелец на мечот, има таква понуда во билтен за голман? 

Говорот на Зидан пред мечот со Челси

Зинедин Зидан е на 90 минути до четврто финале како тренер на Реал Мадрид. Задачата е тешка, бидејќи на Стемфорд Бриџ одат со резултат 1:1, но не е невозможна. Шпанските медиуми ги пренесуваат неговите заврши совети до играчите пред реванш полуфиналето.

Татко му на Гвардиола ужива да дава интервјуа, Пеп се нервира кога открива детали

Во вторникот вечер Сити го совлада ПСЖ со 2:0. „Граѓаните“ за првпат во историјата ќе играат финале, а Пеп Гвардиола првпат после 10 години. Последен пат освои во 2011 кога со Барса го победи Јунајтед 3:1.

Првото засилување на Мурињо во Рома

И онака Миралем Пјаниќ не фати место во Барселона.

Опасен трејлер за документарецот на Сер Алекс Фергусон

Се вика „Sir Alex Ferguson: Never Give In“, а за тоа колку беше моќен како тренер ќе почувствувате во овие моќни две и пол минути. 38 трофеи за 26 години во Манчестер Јунајтед. Најтрофеен во историјата на фудбалот.

Денот кога играчите на Ѕвезда и Хајдук плачеа за смртта на Тито, а некој и се смееше

Голот висеше во воздухот, Звезда играше добро, извикуваше „каков Тито“, а потоа луѓе непознати за играчите стапнаа на теренот и му рекоа на судијата Мухаремовиќ да го прекине натпреварот.

Добар римејк на химната на ЛШ

Гитара, тапани, две виолини, виолончело и вокал. Рок верзија направиле и пак звучи топ. Што моќ ќе имаше химнава, која треба да остане патентирана доживотно во Лига на шампиони. Финалето е во Истанбул на 29 мај. Манчестер Сити против победникот од вечерашниот дуел Челси - Реал.